Просечните пензии се највисоки во Хрватска и Црна Гора, а најниски во Босна и Херцеговина и Србија, резимира ТВ каналот „Ал Џезира Балканс“.

Многу пензионери во земјите од Западен Балкан жовеат во тешка општествено-економска ситуација, а таа се влошува со секоја измината година.
Според државните институции, Хрватска исплатила пензии на 1.237.070 граѓани во август, а просечната сума е 2.802 куни или 373 евра, што е повеќе од 20 отсто повеќе од 2013 година, кога изнесувала 310 евра.
Втора во рангирањето е Црна Гора, каде пензионерите во просек добиваат по 293 евра месечно. Податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување покажуваат дека просечната пензија во земјата во август 2021 година изнесувала 293 евра, а во неа живеат 114.131 пензионер. Просечната пензија пораснала за 5,3 отсто во однос на 2013 година кога изнесувала 278 евра.
Во Северна Македонија - според Здружението на пензионери, просечната пензија што се исплатила во јуни годинава годинава изнесува 255 евра (15.705 денари), што е 77 отсто пред повеќе за осум години, кога едвај достигна 144 евра.
Во Србија, според Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување, просекот на пензијата во август годинава изнесувал 29.368 динари, речиси 250 евра.