Промовирани огласи »

Во секојдневието е нормално после работа да се дружеме со колегите од работа, но доколку сте дел од водечкиот тим, и сте поканети од страна на вашите вработени, ситуацијата постанува комплицирана.

Ако сте лидер на некоја група и прифатете да се дружете со вашите вработени во тимот си ја ризикувате вашата професионална врска со нив Но, ако одбиете,  можете ненадејно да створите лоша слика кај вработените мислејќи дека не ги почитувате доволно и не сте заинтересирани да ги запознаете подобро.

Како и во секоја друга ситуација така и во оваа постојат позитивни и негативни работи за сето ова. На пример позитивни работи би биле: Ако менаџерот одлучи да се дружи со нив после работа, ќе може подобро да ги запознае неговите работници, може да созаде подобра врска меѓусебно, да го зголеми залагањето на работниците  на самото работно место. Додека пак негативни би биле: потенцијални проблеми со одговорноста или вработените може да си земат за важност.

Од ова доаѓа прашањето: Како успешно да ја изменаџирате вашата врска со вработените? Дали менаџерите треба да се дружат после работа со вработените или сепак не? Останува на секој менаџер или лидер да одлучи.
 

Промовирани огласи »

Крешник Бектеши, министер за економија, на денешната пресконференција изјави дека нема да има големи ценовни шокови со цента на струјата, ниту по први јануари.

Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден согласно законот и работата на РКЕ. Секои шест месеци ние ја утврдуваме цента на струјата преку ЕСМ, која таа ја продава до ЕВН. Има времe до први јануари и ќе интервенираме секаде каде ќе има потреба. Не верувам дека ќе се доведеме во ситуација за да ја зголемиме цената на струјата од први јануари, кажа Бектеши.

Претходно Бектеши нагласи дека Владата детално разговарала со сите чинители во енергетскиот сектор во државата и согласно сите анализи и информации кои биле изнесени од страна на енергетските компании и другите институции, не е прогласена кризна состојба во нашата држава.

Ова го изјави министерот за економија по средбата со претставници од Владата и енергетскиот сектор.

Сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на годината нема да има покачување на цената на електричната енергија, имајќи предвид дека веќе се утврдени цените, а Владата токму за ова веќе презеде и предвремени мерки, како што беше намалувањето на ДДВ-то. За жал, не помина Законот кој беше предложен од страна на Министерството за животна средина во делот на еколошката такса, за да може што повеќе средства да може да се користат во овие енергетски компании, рече Бектеши.

Според Бектеши, во Владата се подготвуваат различни мерки, детално за во одредени моменти ако има потреба да се делува да бидат подготвени.

Но, во моментов сметаме дека нема потреба од мерки, согласно информациите што ги имаме. Тие информации говорат дека до крајот на годината ја имаме потребната количина на електрична енергија што можеме да ја испорачаме за домаќинствата и за малите потрошувачи. Цените нема да се зголемат, количините се обезбедни. Подготвени сме како Влада да им помогнеме на ЕСМ и МЕПСО во случај ако има потреба да купуваат електрична енергија од слободниот пазар, рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Програма на неработни денови за 2022 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ: 01 јануари (сабота), Нова Година, 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден, 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста,

11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед.

  • 17 Април (недела), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ 27 јануари (четврток), Свети Сава, За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

По повод одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во дворот на Земјоделскиот институт, единица во Кочани, денеска ќе се одржи инаугурација на традиционален словенечки пчеларник.

На настанот свечено ќе биде предаден во употреба традиционален словенечки пчеларник, донација од Република Словенија по повод 30-годишнината од независноста и во чест на словенечкото претседавање со ЕУ.

Официјално обраќање ќе имаат Боштјан Ноч, претседател на националното словенечко пчеларско друштво, заменик -министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија Трајан Димковски и градоначалникот на Кочани Николче Илијев.

Настанот е во организација на Амбасадата на Република Словенија во Скопје во соработка со Земјоделскиот институт, општината Кочани и здружението на пчелари од брегалничкиот регион „Меден исток“- Кочани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »