Промовирани огласи »

По повод одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во дворот на Земјоделскиот институт, единица во Кочани, денеска ќе се одржи инаугурација на традиционален словенечки пчеларник.

На настанот свечено ќе биде предаден во употреба традиционален словенечки пчеларник, донација од Република Словенија по повод 30-годишнината од независноста и во чест на словенечкото претседавање со ЕУ.

Официјално обраќање ќе имаат Боштјан Ноч, претседател на националното словенечко пчеларско друштво, заменик -министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија Трајан Димковски и градоначалникот на Кочани Николче Илијев.

Настанот е во организација на Амбасадата на Република Словенија во Скопје во соработка со Земјоделскиот институт, општината Кочани и здружението на пчелари од брегалничкиот регион „Меден исток“- Кочани.

Промовирани огласи »

Владата треба да набави јаглен за РЕК Битола за да го зголеми производството на струја согласно потребите. Директорот на МЕПСО Рамадани изјави дека земјата троши двојно повеќе струја отколку што произведува и дека за октомври ќе ѝ платиме долг на Европа од десетици милиони евра.

Компаниите кои тргуваат со струја се виновни и тие ќе треба да го платат долгот на МЕПСО кон европската мрежа, тврди Владата. Но, според експерти вина за енергетската криза во земјава сносат и надлежните кои задоцниле со набавката на јаглен и струја по поевтина цена. Владата сепак отвора и можност по изборите да им помогне на овие компании.

Фирмите трговци со струја ќе треба да го платат милионскиот цех на МЕПСО кој настана поради недозволеното користење на електрична енергија од европската мрежа, велат од Владата во одговор за Радио Слободна Европа. До ова дојде поради разликите меѓу потрошувачката и производството на струја во земјава, но Владата подоцна излезе со соопштение во кое наведува дека по изборите можно е да им излезе во пресрет на енергетските компании со помош од буџетски пари.

По информациите во јавноста дека МЕПСО нема доволно пари за да го исплати долгот кон европската енергетска мрежа, кој до крајот на месецов може да достигне до 15 милиони евра, од Владата за Радио Слободна Европа велат дека според Законот за енергетика не можат да се мешаат во финансиите и менаџирањето на МЕПСО.

Ова значи дека, во случајов, тие потрошувачи што правеле дисбаланси испорачувајќи помалку струја, ќе треба да ги подмират трошоците за настанатата состојба, велат од Владата.

Експерти уште на почетокот на октомври за РСЕ предупредија дека голем дел од компаниите кои либерално набавуваат струја на европската берза, нема да можат да ги испочитуваат договорите за испорака на струјата кои ги склучиле со други фирми, поради високиот раст на цените на струјата на берзите. Тие наведоа дека со тоа „ќе се искомплицира состојбата“ со енергијата во земјава и ќе треба да се ангажираат дополнителни капацитети на термоелектраните со увоз на поквалитетен јаглен.

Струја од јаглен како одговор на енeргетската криза

Проблемот со фирмите кои тргуваат со струја е настанат бидејќи, на пример, некоја од нив склучила договор да снабди со струја други фирми, а во моментот не располага со потребните количини според договореното и за тоа пријавува дебаланс во МЕПСО кој треба да го покрие недостатокот, а на тој начин МЕПСО ги троши резервите. Минатиот месец Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека забележува дека некои компании за снабдување незаконски ги откажуваат договорите со своите клиенти, а се случи и инцидент во кој Аријанит Џафери - синот на поранешниот функционер Муса Џафери физички го нападна директорот на РКЕ Марко Бислимовски поради започната постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма „У Пауер“, откако МЕПСО пријавиле дека ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.

Целиот текст прочитајте го на Slobodnaevropa.mk

Промовирани огласи »

Работните места кои не бараа искуство беа начин за новите дипломирани студенти да се вработат. Но, многу од фирмите  сега бараат претходно искуство. Како што може да потврди секој кој дипломирал или аплицирал за својата прва работа во последниве години му било побарано претходно искуство за истата.

Една анкета покажала дека скоро четири милиони професии поставени на LinkedIn  од 2017та година за работник почетник барале претходно искуство. Овој случај највеќе се појавува во ИТ секторот дури со стапка од 60% кои бараат најмалку три или повеќе години искуство. Накратко, се чини дека почетните работни места воопшто не се за луѓе кои  влегуваат во работната сила сега.

Одговорот на ова е дека на работниците им треба  повеќе од мотивација или диплома за да се вработат вклучувајќи пракса или привилегии за да го избегнат нормалното конкурирање. Но, не секој има пристап до тие предности. Па со ова работниците пробувааат сами да се снајдат и вработат.

Дали некогаш сте се наште во ваква ситуација кога со вашата диплома не сте можеле да се вработите  бидејќи не сте имале претходно искуство? На крајот, без оглед на се, останува да се трудиме да го добиеме работното место за она кое сме вложиле голем труд.

Промовирани огласи »

Владата соопшти дека во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено.

Од Владата потенцираат дека граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост од страна на АД ЕСМ и тоа по цена од 36 евра за мегават час. Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, и ова е само показател дека Владата направила добра проценка воведувајќи го Универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата и малите потрошувачи.

АД ЕСМ моментално ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за снабдување на домаќинствата. Дополнително, кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија, се посочува во соопштението.

Од Владата наведуваат исто така дека беше донесена и мерка за намалување на ДДВ кај електричната енергија во јули годинава. Целта на оваа мерка беше токму заштита на стандардот на граѓаните, односно да се овозможи пониска цена и намалување на трошоците на домаќинствата.

Ние како држава не можеме да влијаеме на случувањата на светските берзи, и токму затоа правиме напори преку АД ЕСМ и зголемувањето на производството да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија кои ќе го амортизираат ценовниот шок и на компаниите, велат од Владата.

Како резултат на соработката со Стопанската комора и Владата, посочуваат, договорено е да се преземат мерки да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, односно со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштити стопанството и стопанските субјекти.

Со новите насоки, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што беше и објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на третиот блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија треба да се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар за македонските компании и со тоа ќе оствари приход за компанијата и за државата, се наведува во соопштението.

Количините на јаглен за Осломеј ќе се обезбедат, додека за количините на јаглен за Битола објавен е нов повик, и се прават сериозни напори преку соработка на политичко ниво со соседните земји да се обезбедат и овие количини на јаглен.

Како дел од соработката со Стопанската комора, се анализираат и можностите за обезбедување на мазут во најкус можен рок, како би можело и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во наредниот период од две недели очекуваме и ТЕЦ Неготино да започне со пробна работа, имајќи предвид дека последен пат работела во 2009 година, потенцираат од Владата.

Во однос на повлекувањата на електрична енергија од регионалните системи, информираат дека постојат Правила за балансирање кои произлегуваат од Законот за енергетика.

Во нив е јасно утврдено дека операторот на електропреносниот систем им фактурира на учесниците на пазарот на електрична енергија за настанатите отстапувања од најавените физички трансакции, по цени пресметани во согласност со методологијата за пресметка за надоместок за услугите на бaлансирање утврдени во правилата за балансирањето на електроенергетскиот систем. Ова значи дека тие потрошувачи што правеле дисбаланси испорачувајќи помалку струја, ќе треба да ги подмират трошоците за настанатата состојба, се вели во соопштението.

Во соопштението се потсетува дека додека трае изборниот период, Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите, во секој случај ќе им биде излезено во пресрет на енергетските компании со цел одржување на сигурноста со снабдување во идниот период.

Ги уверуваме граѓаните, како и стопанствениците, дека државата е, и ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за да изнаоѓаме решенија сè со цел зачувување на благосостојбата на граѓаните. Состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање на најоптимални решенија поради проблемот настанат пред се на светските берзи со електрична енергија, се потенцира во соопштението од Владата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »