Промовирани огласи »

Владата соопшти дека во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено.

Од Владата потенцираат дека граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост од страна на АД ЕСМ и тоа по цена од 36 евра за мегават час. Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, и ова е само показател дека Владата направила добра проценка воведувајќи го Универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата и малите потрошувачи.

АД ЕСМ моментално ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за снабдување на домаќинствата. Дополнително, кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија, се посочува во соопштението.

Од Владата наведуваат исто така дека беше донесена и мерка за намалување на ДДВ кај електричната енергија во јули годинава. Целта на оваа мерка беше токму заштита на стандардот на граѓаните, односно да се овозможи пониска цена и намалување на трошоците на домаќинствата.

Ние како држава не можеме да влијаеме на случувањата на светските берзи, и токму затоа правиме напори преку АД ЕСМ и зголемувањето на производството да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија кои ќе го амортизираат ценовниот шок и на компаниите, велат од Владата.

Како резултат на соработката со Стопанската комора и Владата, посочуваат, договорено е да се преземат мерки да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, односно со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштити стопанството и стопанските субјекти.

Со новите насоки, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што беше и објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на третиот блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија треба да се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар за македонските компании и со тоа ќе оствари приход за компанијата и за државата, се наведува во соопштението.

Количините на јаглен за Осломеј ќе се обезбедат, додека за количините на јаглен за Битола објавен е нов повик, и се прават сериозни напори преку соработка на политичко ниво со соседните земји да се обезбедат и овие количини на јаглен.

Како дел од соработката со Стопанската комора, се анализираат и можностите за обезбедување на мазут во најкус можен рок, како би можело и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во наредниот период од две недели очекуваме и ТЕЦ Неготино да започне со пробна работа, имајќи предвид дека последен пат работела во 2009 година, потенцираат од Владата.

Во однос на повлекувањата на електрична енергија од регионалните системи, информираат дека постојат Правила за балансирање кои произлегуваат од Законот за енергетика.

Во нив е јасно утврдено дека операторот на електропреносниот систем им фактурира на учесниците на пазарот на електрична енергија за настанатите отстапувања од најавените физички трансакции, по цени пресметани во согласност со методологијата за пресметка за надоместок за услугите на бaлансирање утврдени во правилата за балансирањето на електроенергетскиот систем. Ова значи дека тие потрошувачи што правеле дисбаланси испорачувајќи помалку струја, ќе треба да ги подмират трошоците за настанатата состојба, се вели во соопштението.

Во соопштението се потсетува дека додека трае изборниот период, Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите, во секој случај ќе им биде излезено во пресрет на енергетските компании со цел одржување на сигурноста со снабдување во идниот период.

Ги уверуваме граѓаните, како и стопанствениците, дека државата е, и ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за да изнаоѓаме решенија сè со цел зачувување на благосостојбата на граѓаните. Состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање на најоптимални решенија поради проблемот настанат пред се на светските берзи со електрична енергија, се потенцира во соопштението од Владата.

Промовирани огласи »

Денес, ние работиме повеќе часови од секогаш, без разлика  дали се работи за емаил доцна навечер или повик рано наутро. Како сите овие неплатени часови станаа дел од нормалното работење?

Кога Ерик се вработи за прв пат во како џуниор  соработник во меѓународна адвокатска фирма, тој  знаеше дека нормалните правила од девет до пет не важат. Со седиште во Хонг Конг, неговиот работодавец  беше исто толку престижен колку што беше озлогласен по вработување на нови лица во тимот во земјата. За  обемот на работата и работењето доцна навечер, не може да се преговара.

„Тоа е така легално дозволено во индустријата“ кажа Ерик. „Генерално, адвокатите не се платени за прекувремено работно време. Повремено, морам да работам и цела вечер.
Сега работејќи во Пекинг, по полека Ерик се искачува на врвот. Понатаму во неговата кариера има помалку работни денови. Конвенционалната работна недела, сепак, останува неостварлива. „Работењето 40 часа неделно би значело лесна недела за мене“, вели тој. „Моите часови зависат од потребите на моите клиенти - немам можност да работам помалку“. Пред пандемијата, повеќе од пет милиони вработени луѓе  работеле 7.6 часа повеќе од работното време, односно 35 билиони долари неплатено прекувремено работење. Сега, според глобалните бројки од еден истражувачки институт, еден од 10 луѓе велат дека работат најмалку 20 часа неделно бесплатно.

Во просек, работниците имаат 9,2 часа неплатена прекувремена работа секоја недела. Низ целиот свет, бројките за прекумерна работа нагло се зголемија во пресрет на Ковид-19 – па бесплатните часови се повеќе од двојно зголемени, особено во Северна Америка.
Откако се појави пандемијата, присутноста во канцеларијата стана  дигитализирана.

Работата на далечина  создаде околина во која менаџерите можат да го повикуваат персоналот деноноќно. „Од мене се очекува да одговорам на барањата на клиентите“ објаснува Ерик. Повеќе од времето, успевам да се координирам со клиентите од други временски зони. Но ако затвараме некој важен договор, можеби ке треба да останам касно.

Дали и вие ги броите прекувремените работни часови? Дали вашите прекувремени часови се платени? Колку е важно да се официјализира нивното плаќање? Сите овие прашања останува да ги следиме во наредниот период.

Промовирани огласи »

Од утре трасата на автобуската линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од возилата ќе возат до Хиподром 2 со ознака 50А.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, возилата на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линија 63 и ќе ги користат постоечките постојки на трасата.

Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk, означен со ѕвездичка, во делот на возен ред на линија 50. 

Промовирани огласи »

Вработените често претпоставуваат дека HR луѓето се тука за да помогнат. Но, со оглед на тоа што луѓето од човечки ресурси работат за компанијата, дали тие се секогаш навистина на  наша страна?

Како вработени, ние често мислиме дека овие луѓе се тука да ни ги решават нашите проблеми, како на пример: да бидеме исплатени на време или да ги изменаџират проблемите на работа. Па така, често очекуваме од нив да ни помогнат кога сме во незгодни ситуации. Во многу случаи, персоналот нема кај да се обрати кога работите не одат по планираното. Разговорот со HRот може да биде побезбедна опција отколку директно да се разговара  со шефот или директорот.

Истовремено, едни истражувања  покажуваат дека 70 проценти од вработените не веруваат во персоналот на фирмата. Ако разгледате подлабоко ќе пронајдете безбројни примери од вработени кои  имале лоши моменти со HR. Некои ги имат објавено на блогови додека други се откажуваат од помошта и  го тужат својот работодавец; во 2020та година бројот на пресуди за спорови на работно место во САД достигнал рекордно високо ниво.

Типична посета во оделот за човечки ресурси може да започне вака: проблемот настанал на работно место и  е оставен да се разгорува и кога ќе го достигне нивото кога некој повеќе нема да може да издржи, тие се обраќаат до HR. Компаниите често им кажуваат на новите работници дека човечките ресурси се тука за нив и, како резултат на тоа, вработените веруваат дека ако се обратат кај нив, нивниот проблем ќе се слушне и ќе се реши.

На крајот, останува на компаниите и на самите вас да одлучат дали овој сектор навистина стои позади вработените или пак е поставаен на тоа работно место за да ја застапува компанијата и ги следи проблемите на вработените.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »