Промовирани огласи »

Работните места кои не бараа искуство беа начин за новите дипломирани студенти да се вработат. Но, многу од фирмите  сега бараат претходно искуство. Како што може да потврди секој кој дипломирал или аплицирал за својата прва работа во последниве години му било побарано претходно искуство за истата.

Една анкета покажала дека скоро четири милиони професии поставени на LinkedIn  од 2017та година за работник почетник барале претходно искуство. Овој случај највеќе се појавува во ИТ секторот дури со стапка од 60% кои бараат најмалку три или повеќе години искуство. Накратко, се чини дека почетните работни места воопшто не се за луѓе кои  влегуваат во работната сила сега.

Одговорот на ова е дека на работниците им треба  повеќе од мотивација или диплома за да се вработат вклучувајќи пракса или привилегии за да го избегнат нормалното конкурирање. Но, не секој има пристап до тие предности. Па со ова работниците пробувааат сами да се снајдат и вработат.

Дали некогаш сте се наште во ваква ситуација кога со вашата диплома не сте можеле да се вработите  бидејќи не сте имале претходно искуство? На крајот, без оглед на се, останува да се трудиме да го добиеме работното место за она кое сме вложиле голем труд.

Промовирани огласи »

Владата соопшти дека во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено.

Од Владата потенцираат дека граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост од страна на АД ЕСМ и тоа по цена од 36 евра за мегават час. Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, и ова е само показател дека Владата направила добра проценка воведувајќи го Универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата и малите потрошувачи.

АД ЕСМ моментално ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за снабдување на домаќинствата. Дополнително, кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија, се посочува во соопштението.

Од Владата наведуваат исто така дека беше донесена и мерка за намалување на ДДВ кај електричната енергија во јули годинава. Целта на оваа мерка беше токму заштита на стандардот на граѓаните, односно да се овозможи пониска цена и намалување на трошоците на домаќинствата.

Ние како држава не можеме да влијаеме на случувањата на светските берзи, и токму затоа правиме напори преку АД ЕСМ и зголемувањето на производството да обезбедиме дополнителни количини на електрична енергија кои ќе го амортизираат ценовниот шок и на компаниите, велат од Владата.

Како резултат на соработката со Стопанската комора и Владата, посочуваат, договорено е да се преземат мерки да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, односно со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштити стопанството и стопанските субјекти.

Со новите насоки, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што беше и објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на третиот блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија треба да се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар за македонските компании и со тоа ќе оствари приход за компанијата и за државата, се наведува во соопштението.

Количините на јаглен за Осломеј ќе се обезбедат, додека за количините на јаглен за Битола објавен е нов повик, и се прават сериозни напори преку соработка на политичко ниво со соседните земји да се обезбедат и овие количини на јаглен.

Како дел од соработката со Стопанската комора, се анализираат и можностите за обезбедување на мазут во најкус можен рок, како би можело и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во наредниот период од две недели очекуваме и ТЕЦ Неготино да започне со пробна работа, имајќи предвид дека последен пат работела во 2009 година, потенцираат од Владата.

Во однос на повлекувањата на електрична енергија од регионалните системи, информираат дека постојат Правила за балансирање кои произлегуваат од Законот за енергетика.

Во нив е јасно утврдено дека операторот на електропреносниот систем им фактурира на учесниците на пазарот на електрична енергија за настанатите отстапувања од најавените физички трансакции, по цени пресметани во согласност со методологијата за пресметка за надоместок за услугите на бaлансирање утврдени во правилата за балансирањето на електроенергетскиот систем. Ова значи дека тие потрошувачи што правеле дисбаланси испорачувајќи помалку струја, ќе треба да ги подмират трошоците за настанатата состојба, се вели во соопштението.

Во соопштението се потсетува дека додека трае изборниот период, Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите, во секој случај ќе им биде излезено во пресрет на енергетските компании со цел одржување на сигурноста со снабдување во идниот период.

Ги уверуваме граѓаните, како и стопанствениците, дека државата е, и ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за да изнаоѓаме решенија сè со цел зачувување на благосостојбата на граѓаните. Состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање на најоптимални решенија поради проблемот настанат пред се на светските берзи со електрична енергија, се потенцира во соопштението од Владата.

Промовирани огласи »

Денес, ние работиме повеќе часови од секогаш, без разлика  дали се работи за емаил доцна навечер или повик рано наутро. Како сите овие неплатени часови станаа дел од нормалното работење?

Кога Ерик се вработи за прв пат во како џуниор  соработник во меѓународна адвокатска фирма, тој  знаеше дека нормалните правила од девет до пет не важат. Со седиште во Хонг Конг, неговиот работодавец  беше исто толку престижен колку што беше озлогласен по вработување на нови лица во тимот во земјата. За  обемот на работата и работењето доцна навечер, не може да се преговара.

„Тоа е така легално дозволено во индустријата“ кажа Ерик. „Генерално, адвокатите не се платени за прекувремено работно време. Повремено, морам да работам и цела вечер.
Сега работејќи во Пекинг, по полека Ерик се искачува на врвот. Понатаму во неговата кариера има помалку работни денови. Конвенционалната работна недела, сепак, останува неостварлива. „Работењето 40 часа неделно би значело лесна недела за мене“, вели тој. „Моите часови зависат од потребите на моите клиенти - немам можност да работам помалку“. Пред пандемијата, повеќе од пет милиони вработени луѓе  работеле 7.6 часа повеќе од работното време, односно 35 билиони долари неплатено прекувремено работење. Сега, според глобалните бројки од еден истражувачки институт, еден од 10 луѓе велат дека работат најмалку 20 часа неделно бесплатно.

Во просек, работниците имаат 9,2 часа неплатена прекувремена работа секоја недела. Низ целиот свет, бројките за прекумерна работа нагло се зголемија во пресрет на Ковид-19 – па бесплатните часови се повеќе од двојно зголемени, особено во Северна Америка.
Откако се појави пандемијата, присутноста во канцеларијата стана  дигитализирана.

Работата на далечина  создаде околина во која менаџерите можат да го повикуваат персоналот деноноќно. „Од мене се очекува да одговорам на барањата на клиентите“ објаснува Ерик. Повеќе од времето, успевам да се координирам со клиентите од други временски зони. Но ако затвараме некој важен договор, можеби ке треба да останам касно.

Дали и вие ги броите прекувремените работни часови? Дали вашите прекувремени часови се платени? Колку е важно да се официјализира нивното плаќање? Сите овие прашања останува да ги следиме во наредниот период.

Промовирани огласи »

Од утре трасата на автобуската линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од возилата ќе возат до Хиподром 2 со ознака 50А.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, возилата на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линија 63 и ќе ги користат постоечките постојки на трасата.

Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk, означен со ѕвездичка, во делот на возен ред на линија 50. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »