Онлајн интервју претставува интервју што се одржува преку видео софтвер наместо лично. Зум е една од најчестите видео програми што компаниите ја користат за интервјуа за работа. Лесен е за користење и пријатен за двете страни. Може да го симнете бесплатно, дури не ви е потребна корисничка сметка ако не хостирате некој митинг. Онлајн интервјуто треба да се сфати сериозно исто како класичното интервју.
Подготовката за онлајн интервју не треба да биде поразлична од класичното. Не правете грешка мислејќи дека онлајн интервјуто е помалку формално само затоа што е видео повик. Не се обидувајте да гледате во вашите забелешки за време на интервјуто, избегнувајте да ги читате вашите одговори бидејќи менаџерот за вработување ќе може многу едноставно да ве препознае. Наместо тоа, вежбајте да зборувате природно. Ова може да го направете со некој пријатели или некој член од вашето семејство.
Користењето видео технологија за интервју за работа бара поголема подготовка. На пример, веројатно сте запознаени со користењето на некој од онлајн сервисите како Зум ако сте работеле на далечина за време на пандемијата, но сепак најдобро е да одвоите дополнително време за да ги прегледате сите функции пред интервјуто за да бидете сигурни дека сте ги инсталирале најновите ажурирања. Ова ќе ви помогне да се чувствувате поудобно и да избегнете технички проблеми за време на истото.
Кога ја избирате облеката за вашето онлајн интервју , изберете нешто што би го облекле доколку лично одите на состанокот. Ова зборува за вашиот професионализам и ќе ви помогне да се чувствувате посигурни.
Друга важна работа при онлајн интервју е вашата локација. При изборот на локација за вашето интервју за работа, земете ги предвид деталите како што се осветлувањето, нивото на бучава и сигурен Wi-Fi.
Дали сте се соочиле со некои потешкотии при интервју? Дали преферирате онлајн интервју или сепак би се придржувае кон класичното?