Промовирани огласи »

Комплетно новата електрифицирана гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid е достапна и во салоните на Jeep® во Македонија…

Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep® Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија.  Промотивно новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid сега е достапна и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.

Електрифицираните модели на Jeep® ја носат ознака 4xe, насочено кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност.

Новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзување.

Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта Jeep® 4xe возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури.

Секако, 4xe се залага за одговорност и почит кон околината. Благодарение на електричната технологија Plug-in Hybrid, CO2 емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим а трошоците за одржување се намалени.

Но, фокусот на марката Jeep кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина.

Промовирани огласи »

Управата за водење на матични книги (УВМК) информира дека донела решение да не се бара изводите од Матичната книга на родени да не бидат постари од шест месеци.

Ова е најавено откако Portalb.mk го објави истражувањето во кое граѓани се пожалиле, а од Управата потврдиле, дека од нив биле побарани изводи не постари од шест месеци. Со новата одлука, граѓаните кои сакаат да се венчаат, УВМК повеќе нема да ги обврзува да вадат нови изводи, туку службеникот ќе ги проверува податоците од изводите што граѓаните веќе ги имаат.

Доколку граѓаните немаат извод, ќе се венчаат само со документ за идентификација, додека службеникот самиот ќе ги обезбеди изводите, известува Portalb.mk.

Промовирани огласи »

Во емисијата Економски Магазин на Алсат која ќе се емитува вечерва во 22 часот министерот за економија, Крешник Бектеши уверува дека рестрикции со струја нема да има. Бектеши вели дека Владата ја следела состојбата и засега кризата е под контрола.

Бектеши утре попладне до Владата ќе достави барање за прогласување на енергетска кризна состојба. 

Секој член на владата имал информации, имаме постојано средби со сите раководители на енергетските компании во Северна Македонија, но важно е да се истакне фактот и на граѓаните да им биде јасно дека рестриктивни мерки во однос на снабдување со електрична енергија моментално не се предвидуваат иако што сме направиле измена во уредбата која предвидува прогласување на кризна состојба, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Бектеши вели дека минимално ќе се зголеми цената на електричната енергија, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски смета дека постои простор на компаниите од енергетскиот сектор да им бидат ограничени профитот и маржата, ставка од која најмногу зависи висината на сметките за струја на граѓаните.

Промовирани огласи »

Околу 35 отсто од населението во Македонија е под ризик на сиромаштија, oбјави Евростат. 

Најлошо рангирана држава од регионот е Албнија каде повеќе од половина од населението (51 отсто) е изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост.

Во Црна Гора во ризик од сиромаштија е 40 отсто од популацијата, а Турција  е со 38 проценти. 

Во оваа група се сметаат домаќинства кои имаат тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.

Изминативе години во земјава петтина или четвртина од населението се сметаше за сиромашно, според статистичките податоци. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »