По повеќе од 18 месеци домашна работа под притисок за време на пандемијата, границите помеѓу нашиот професионален и нашиот личен живот се заматени. Многумина од нас сме со работните лаптопи на трпезариските маси, мејловите кои ни пристигнуваат во секое време од денот и викенди кои наликуваат на работни денови.
Знаци дека немате добри работни навики:
Работното однесување кое можеби се „нормализирало“ може да направи сериозна штета на вашето ментално здравје. Значи, на што треба да внимавате? Навиките кои треба да бидат означени со црвено вклучуваат испраќање е-пошта во неработни часови, не правење паузи, постојано работење, постојано одговарање на мејлови. Ова доведува до немоќност да делегирате или да соработувате затоа што превземате многу повеќе отколку што треба.
Постојат моменти кога се потребни дополнителни часови за одредени рокови. Но, ако прекувремената работа е постојана и работниот притисок никогаш не попушти, тогаш може да имате проблем. Преземањето сè на себе не само што ве остава исцрпени, туку можеби и лути, огорчени, па дури и виновни.
Совети како да ги подобрите лошите работни навики:
Чест проблем е мислата дека треба да кажуваме „да“ на сè. Ова доведува да изгледаме корисни и вредни. Но исто така кога велиме „да“ ни прави чуствуво дека мораме да направиме се сами. Ова потоа придизвкува чуствo на незадоволство и лутина, бидејќи се чуствуваме како да работиме само ние. Затоа добро одлучете кога прифакаќте нешто.
Но пак кога кажуваме „не“ можеби е тешко, но исто така е чин на грижа за себе. Да кажете „не“ им помага на луѓето да го почитуваат вашето „да“, бидејќи ќе можат да ви веруват кога прифаќате нешто. Ако не можете да кажете „не“, тогаш обидете се да кажете „да“ со услови - бидете јасни за вашата временски лимит за да ја извршете дадената задача.
Дали имате премногу лоши работни навики кои ви го нарашуваат вашето ментално здравје? Како се справувате со нив?