Промовирани огласи »

Јужнокорејската компанија го стартуваше масовното производство на компоненти за Galaxy S22 серијата.
 

Според извештаите се споменува дека Samsung сега произведува компоненти за Galaxy S22 и Galaxy S22+ модели за сите пазари. Производството на S22 Ultra моделот ќе биде фокусирано за пазарот на Америка, пишува GSMArena.

И покрај тоа што ИТ индустријата се соочува со недостаток на чипови и други компоненти, планот е Galaxy S22 серијата да биде објавена кој крајот на јануари наредната година.

Останува да видиме дали ќе го претстават овој смартфон, со оглед на тоа дека го сменија датумот на претставувањето. Најверојатно ќе биде претставен во првото тримесечје на 2022 година.

Промовирани огласи »

До крајот на тековната сезона во Формула 1 шампионатот остануваат уште пет трки. Во битката за шампионската титула блага предност од 12 поени има Макс Верстапен во однос на Луис Хамилтон.

Интересна изјава во пресрет на завршницата на сезоната даде првиот човек на Мерцедес, Тото Волф. Тој смета дека на крајот би можеле да видиме жестока битка и намерен судир меѓу големите ривали.

„Кога станува збор за сценарио во кое битката се одлучува на последната трка од сезоната и тие се тркаат меѓу себе за титулата, кој и да има предност во генералниот пласман, дефинитивно ќе се обиде да го направи она што се случуваше во минатото меѓу Прост и Сена.

Никогаш не би му дал наредба некому да направи намерен судир. Но, ако титулата се одлучува во последната трка, тие ќе бодат жестока борба. Тие се гладијатори во болиди. Тоа е она што го прави овој спорт толку интересен“ , изјави Волф.

Волф се наврати на инцидентот на патеката „Монца“, каде смета дека Верстапен тактички удри во Хамилтон, знаејќи дека ќе ја загуби битката за победата.

Промовирани огласи »

Комплетно новата електрифицирана гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid е достапна и во салоните на Jeep® во Македонија…

Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep® Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија.  Промотивно новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid сега е достапна и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.

Електрифицираните модели на Jeep® ја носат ознака 4xe, насочено кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност.

Новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзување.

Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта Jeep® 4xe возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури.

Секако, 4xe се залага за одговорност и почит кон околината. Благодарение на електричната технологија Plug-in Hybrid, CO2 емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим а трошоците за одржување се намалени.

Но, фокусот на марката Jeep кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина.

Промовирани огласи »

Управата за водење на матични книги (УВМК) информира дека донела решение да не се бара изводите од Матичната книга на родени да не бидат постари од шест месеци.

Ова е најавено откако Portalb.mk го објави истражувањето во кое граѓани се пожалиле, а од Управата потврдиле, дека од нив биле побарани изводи не постари од шест месеци. Со новата одлука, граѓаните кои сакаат да се венчаат, УВМК повеќе нема да ги обврзува да вадат нови изводи, туку службеникот ќе ги проверува податоците од изводите што граѓаните веќе ги имаат.

Доколку граѓаните немаат извод, ќе се венчаат само со документ за идентификација, додека службеникот самиот ќе ги обезбеди изводите, известува Portalb.mk.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »