Милиони луѓе работат во огромни канцеларии од отворен план, каде се што прават е видливо за сите други. Зошто е тоа тоа така? И колку убаво се чувствуваат вработените во таков простор?
Редакција на БиБиСи сме ја виделе на барем еден портал каде што се зборува за најмодернте канцеларии во светот.
Канцелариите им се од отворен план, бироата наредени во редици , море од луѓе, и сите погледи им се вперени во нивните екрани, фокусирани на ова што го работат. Дури, има и точно одредена патека по која еден вработен може да оди до тоалет без да им смета на колегите, не смее да се носи облека во јаки бои итн.
Тоа некако изгледа многу различно од нормалните канцелaрии каде работат 5-6 луѓе. Во таквите канцеларии има однос меѓу вработените, тие освеn на бизнис план се зближуваат и приватно и се градат незамисливи врски.
Во Британија во 19тиот век сите канцеларии биле во темни подруми заради штедење на простор, а многу од вработените имале вртоглавици или главоболки попладнето.
Кон крајот на 19тиот век, започнува појавата на огромните бизнис канцеалaрии без прегради каде се губи целата интимност на работењето и зближувањето на луѓето. Всушност, доаѓа до израз и моќта. Оние кои имаат повисока позиција во компанијата за првпат се издвоени со свои посебни кацеларии.
Првата огромна канцеларија од отворен план била изградена во 1906 година во Њу Јорк - Larkin Administration Building, имала голема површина и само неколку зидови.
Најголема придобивка од ваквиот тип на канцеларија имале менаџерите, сега сите вработени им биле на око и лесно можеле да надгледуват кој што работи.
Исто така меѓусебните разговори биле сведени на минимум и фокусот се зголемил за неколкупати. Моќта ја изразувале со местото на своето биро. Колку повисока позиција толку поблиску до прозорите и подобар поглед на улиците на Њу Јорк.
Во 60тите години од минатиот век во Германија за првапт се појавува поимот - канцелариско уредување. Тогаш за прв пат во европа се делат вработените по сектори, некои оддели биле многу гласни а некои сосема тивки во зависност од тоа каква работа извршувале вработените во одделот.
Во меѓувреме во Америка пак, еден од дизајнерите на кацелариското уредување кој навистина се залагал за поставеност на бироата и функцијата на истите направил кратко истражување и дошол до неочекувани резултати.
Многу од вработените изјавиле дека понекогаш навистина им пречи поминувањето на толку многу колеги околу нив и дека ги дефокусира поздравувањето со секој кој ќе помине до нивното биро. Токму тогаш биле измислени параваните, кои ги издвојувале вработените во свој простор од колегата до нив иако се наоѓале во иста просторија.
Во Македонија, компаниите имаат различни гледишта за ефективноста на вработените и поставеноста на бироата во работниот простор. Сепак во последно време се повеќе компании се решаваат за канцеларии од отворен тип за кои главната причина за нивно форсирање во модерниот свет е дека се пофтина варијатна на проектирање на една канцеларија.