Правната битка меѓу Бернар Тапи и „Креди Лионе“, која трае речиси 25 години, доби конечна разрешница откако Касацискиот суд на Франција одлучи да ја потврди пресудата со која бизнисменот и поранешен политичар треба да и врати на државната каса 404 милиони евра, добиени во 2008 година по „лажната арбитража“ во предметот со банката, јави дописникот на МИА од Париз.
Касацискиот суд, која е највисок жалбен суд во Франција, ја потврди пресудата на Апелацскиот суд во Париз од 3 декември 2015 година, со која поранешниот сопственик на „Олимпик Марсеј“ треба да ја врати целокупната отштета исплатена од тројца судии арбитри во 2008 година, кои посредуваа во решавање на неговиот спор околу продажбата на „Адидас“ со „Креди Лионе“.
Случајот датира од 1993 година, кога Тапи, кој тогашен беше министер во Владата на Франсоа Митеран, одлучи да ги прекине своите деловни активности. Тој реши да го продаде „Адидас“, кој го купи две години порано за 1,6 милијарди франци, при што продажбата и ја довери на „Креди Лионе“. Од продажба на „Адидас“ на Роберт Луис-Драјфус, банката оствари значен профит, без тоа да му го пријави на поранешниот сопственик, кој смета дека е измамен.
„Арбитражата Тапи“ е предмет и на кривична истрага во која обвинителот на Париз побара им се суди на шест протагонисти, меѓу кои и бизнисменто Пјер Eступ и извршниот директор на „Оранж“, Стефан Ришар, кој е поранешен шеф на кабинетот на некогашната француска министерка за економија и актуелен директор на ММФ, Кристин Лагард.
Обвинителството бара на шесте протагонистите од овој политичко-финансиски скандал да им се суди за „организирана измама“, додека на Бернар Тапи за „затајување на јавни фонфови и за соучество во тоа дело“.
Министерството за економија во 2007 година реши да се впушти во приватна арбитража. Арбитражата пресуди во корист на Бернар Тапи, давајќи му чек од 404 милиони евра, од кои 45 милиони за „морална штета“.
Судскаат постапка која беше овторена имаше за цел да утврди дали во арбитражата имало политичко договарање.