Промовирани огласи »

Динарот е валута која почнала да се користи уште во Кралството на СХС од 1920 година. При тоа државите се менувалеа, но не и валутата наречена динар.

Динарот се користи во Кралството Југославија, социјалистичка Југославија и Сојузна Република Југославија. Имињата на земјите се променија, но не и динарот, кој има стекнато култен статус и е “југословенски” и престана да биде кога тој е заменет со српскиот динар на Србија и еврото во Црна Гора – односно откако поранешна Југославија се распадна.

Во 1985 година доаѓа нова серија на банкноти, која започна со воведување на 5.000 динари со ликот на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.

Ова е најголема досега издадена државна банкнота, која беше долгоочекувана и предизвика бура во јавноста, а тоа продолжува и денес – не заради својата вредност, но поради грешката која на почетокот никој не ја забележал. Имено, со ликот на Тито влегува годината на неговото раѓање и смртта. Но, наместо 1892 – 1980, на книжната банкнота е отпечатено 1892 – 1930. Што значи Тито починал пред 50 години.

Она што е интересно е дека дури и по забележаната грешка, банкнотите не биле повлечени од оптек. Според тогашниот генерален директор на Институтот за производство на пари од 14 милиони печатени банкноти, само 4 отсто од нив имале грешка. Ова значи дека дефектот е на околу 560 илјади банкноти. Но, според меѓународната регулатива држава која има повеќе од еден процент на отпечатени хартиени банкноти со забележлива грешка, ќе треба да ги повлече сите пари од таа серија од промет.

Невалидната година на смртта Тита не е само грешка кај оваа банкнота. Имено официјално не е соопштен ниту датумот кога таа се пушта во промет, како и појавата и опис на банкнотите што беше сосема различно од она што беше објавен во службениот весник на СФРЈ.

Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија Вип како официјален партнер на светскиот натпревар НАСА спејс епс челенџ (NASA SPACE APPS CHALLENGE) беше домаќин на финалето што се одржа денеска и заедно со финалистите и со членовите на наградениот проект на младиот тим SWIFT, составен од средношколците од државното средно училиште „Раде Јовчевски Корчагин” го одбележа меѓународниот ден на телекомуникациите.

Особена чест ни е што Меѓународниот ден на телекомуникациите го одбележуваме заедно со  младите и талентирани луѓе, учесници на НАСА натпреварот бидејќи убедени сме дека токму тие се иднината на телекомуникациите, на ИТ индустријата и на поврзаните индустрии воопшто. Минативе две седмици бевме сведоци на позитивна енергија, многу ентузијазам и идеи, среќни сме што и преку нашите интерни ресурси дадовме придонес во реализацијата на овој настан кој ја става Македонија на мапата на светските настани“, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на ВИП.

Натпреварот се одржуваше од 28-30 април во Скопје. За наградата од Македонија се натпреваруваа 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи, а во финалето влегоа 3 тима кои пред жири комисија ги презентираа своите идеи. Победничкиот тим ќе патува во Кенеди спејс центарот на НАСА и ќе има можност во живо да го следи лансирањето на вселенско летало како и да го презентира своето решение пред претставници на НАСА.

Промовирани огласи »

Трет циклус саеми за вработување што го организира Агенцијата за вработување почнува од денеска и ќе трае до 15-ти следниот месец. Во овој циклус ќе бидат опфатени шест градови, а стартува и завршува во Скопје, следуваат Штип на 26 мај, Кавадарци 30 мај, Битола 6 јуни, Тетово 8 јуни и Струмица на 13 јуни.

На отворањето на саемот најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и на директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Според Поповски, преку директен контакт со работодавачот лицето кое бара вработување може да  види што се бара, колку се бара, колку е тоа платено, односно што нудат работодавачите и какви се работните места.

Ги повика младите да ги посетат саемите и да видат што се бара за кога ќе се запишуваат во средно училиште или на факултет  да изберат образование со кое во иднина ќе имаат можност  за вработување кај некоја од компаниите.

На претходните два циклуса со по осум саеми за вработување  над 79.000 посетители оставиле 21.190 биографии пред учествувале 734 работодавачи. Тие контакти резултирале со најмалку 2.500 вработувања.  

Според него со саемите се сака да се направи промоција на работните места  кои имаат иднина во смисла на брзо вработување по завршување на образованието.

Промовирани огласи »

Дали се сеќавате на работењето пред појавата на имејлот? Пред да ги поминувавме толку многу време гледајќи во екраните на компјутерите и пред да започнеме да купуваме онлајн?

Како експеримент, само пробајте еден ден да работите на вашето работно место без компјутер? Дали ќе можете да ги завршите вашите обврски? Дали ќе имате за што да размислувате? Нема да можете да комуницирате, информациите ќе се пренесуваат споро и ќе се чувствувате бескорисен


Денес компјутерот е најважниот дел од канцеларијата. Својата доминанта улога ја добил и тотално ги заменил канцериските хартиени папки, корпата за отпадоци, па дури и вашиот личен потпис кој денес може да биде електронски - и сето ова се чини се случи толку многу брзо.

Во 1975 година, се појавила колумна под наслов ,,Канцеларијата на иднината". Во неa, Џорџ Е Паке, раководител на едно истражување, предвидува "револуција во текот на следните 20 години".
Што ќе се случи со хартијата во нашите канцеларии? - било главното прашање на колумната и во истата истражувачот објаснува како преку својот компјутер ќе добива пораки, ќе може сите документи да ги има на екранот и со притискање на едно копче ќе може да пребарува и дека целиот свет ќе се промени целосно откога канцелариите ќе започнат со глобално применување на компјутерите низ свето.

Компјутерот ќе го промени секојдневниот живот, и тоа би можело да биде страшно- Вели тој кон крајот на истражувањето

Сепак, на почетокот имало многу скептици, па до пред некоја година некои луѓе сеуште ги принтаа своите мејлови за да зачуваат хартиена копија од иститие. некои дури и се шегуваа во почетокот на овој милениум - канцеларијата ќе може да биде без хартија колку што може еден тоалет да функсионира без хартија.

Сепак,човекот кој стои зад тоа беше Џон Симонс, математичар од Кембриџ кој сонуваше машина која ќе го замени човекот во многу сфери, чудовиштето кое тој го изгради беше наречено  LEO - Lyons Electronic Office и во тоа време дури и нејзиниот пронаоѓач беше во сомнеж како ќе се вклопи во тогашниот бизнис свет.

Во 1960 година, силни супер-компјутери, кој тогаш биле увоз од САД, пристигнаа во британскате канцеларии. Но, визијата на Симонс да ги ослободи службениците од досадните монотони обврски не беше целосно достигната.

Овие компјутери работеле на ниво на броеви. Но, за просечниот канцелариски работник вистинска револуција дојде со доаѓањето на процесори со кои започнаа да се користат зборови или подоцна цел реченици.

Овој концепт бил измислен од страна на германскиот научник  Улрих Штејнхилпер во 1950 година. Сепак неговата идеја била отфрлена, но не за долго - во седумдесетите години за првпат започнале зборовните конструкции и се станало полесно.

Во 1977 година, Apple го лансираше Apple II. Четири години подоцна IBM го измислија персоналниот компјутер или денес познат под името PC.



Првите зборовни процесори кои се користеле во Financial TImes во доцните 80-ти биле машини со леплива тастатура и темно зелени екрани и зелени букви кои на крајот на денот причинувале главоболка.

Во доцните 1980ти и 1990- ти сите службеници се учеа како да ги користат компјутерите и навистина многу се вложуваше во обуки на вработените во оваа област.

За среќа, работите се променија многу. Денес, компјутерите ги користиме на многу едноставен начин и нашите мозоци од најмала возраст лесно се навикнуваат на софтверите без никаков проблем.

До каде ќе оди иновативноста на компјутерските научници и како ќе изгледаат нашите канцеларии за неколку години, останува да видиме и да се прилагодуваме на се поинтересните софтвери кои се се полесни за користење и ни ги скратуваат нашите секојдневни обврски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »