Дали се сеќавате на работењето пред појавата на имејлот? Пред да ги поминувавме толку многу време гледајќи во екраните на компјутерите и пред да започнеме да купуваме онлајн?
Како експеримент, само пробајте еден ден да работите на вашето работно место без компјутер? Дали ќе можете да ги завршите вашите обврски? Дали ќе имате за што да размислувате? Нема да можете да комуницирате, информациите ќе се пренесуваат споро и ќе се чувствувате бескорисен
Денес компјутерот е најважниот дел од канцеларијата. Својата доминанта улога ја добил и тотално ги заменил канцериските хартиени папки, корпата за отпадоци, па дури и вашиот личен потпис кој денес може да биде електронски - и сето ова се чини се случи толку многу брзо.
Во 1975 година, се појавила колумна под наслов ,,Канцеларијата на иднината". Во неa, Џорџ Е Паке, раководител на едно истражување, предвидува "револуција во текот на следните 20 години".
Што ќе се случи со хартијата во нашите канцеларии? - било главното прашање на колумната и во истата истражувачот објаснува како преку својот компјутер ќе добива пораки, ќе може сите документи да ги има на екранот и со притискање на едно копче ќе може да пребарува и дека целиот свет ќе се промени целосно откога канцелариите ќе започнат со глобално применување на компјутерите низ свето.
Компјутерот ќе го промени секојдневниот живот, и тоа би можело да биде страшно- Вели тој кон крајот на истражувањето
Сепак, на почетокот имало многу скептици, па до пред некоја година некои луѓе сеуште ги принтаа своите мејлови за да зачуваат хартиена копија од иститие. некои дури и се шегуваа во почетокот на овој милениум - канцеларијата ќе може да биде без хартија колку што може еден тоалет да функсионира без хартија.
Сепак,човекот кој стои зад тоа беше Џон Симонс, математичар од Кембриџ кој сонуваше машина која ќе го замени човекот во многу сфери, чудовиштето кое тој го изгради беше наречено LEO - Lyons Electronic Office и во тоа време дури и нејзиниот пронаоѓач беше во сомнеж како ќе се вклопи во тогашниот бизнис свет.
Во 1960 година, силни супер-компјутери, кој тогаш биле увоз од САД, пристигнаа во британскате канцеларии. Но, визијата на Симонс да ги ослободи службениците од досадните монотони обврски не беше целосно достигната.
Овие компјутери работеле на ниво на броеви. Но, за просечниот канцелариски работник вистинска револуција дојде со доаѓањето на процесори со кои започнаа да се користат зборови или подоцна цел реченици.
Овој концепт бил измислен од страна на германскиот научник Улрих Штејнхилпер во 1950 година. Сепак неговата идеја била отфрлена, но не за долго - во седумдесетите години за првпат започнале зборовните конструкции и се станало полесно.
Во 1977 година, Apple го лансираше Apple II. Четири години подоцна IBM го измислија персоналниот компјутер или денес познат под името PC.
Првите зборовни процесори кои се користеле во Financial TImes во доцните 80-ти биле машини со леплива тастатура и темно зелени екрани и зелени букви кои на крајот на денот причинувале главоболка.
Во доцните 1980ти и 1990- ти сите службеници се учеа како да ги користат компјутерите и навистина многу се вложуваше во обуки на вработените во оваа област.
За среќа, работите се променија многу. Денес, компјутерите ги користиме на многу едноставен начин и нашите мозоци од најмала возраст лесно се навикнуваат на софтверите без никаков проблем.
До каде ќе оди иновативноста на компјутерските научници и како ќе изгледаат нашите канцеларии за неколку години, останува да видиме и да се прилагодуваме на се поинтересните софтвери кои се се полесни за користење и ни ги скратуваат нашите секојдневни обврски.