Раководството на Formula 1 го објави провизорниот календар за новата сезона која стартува во 2022 и ќе донесе рекорден број на натпреварувачки викенди
Годинешното издание на Formula 1 го имаше најголемиот број на трки со вкупно 22 натпреварувачки викенди. Но, раководството на најбрзиот циркус на планетата го објави првичниот календар за новата сезона, а ако се биде во ред, 2022 ќе биде рекордна со 23 трки.
Отворањето на сезоната ќе се одржи во Бахреин, по што ќе следуваат трките за Големите награди на Саудиска Арабија, Австралија и Италија. По ова, пристигнува инаугурациската трка за Големата награда на Мајами, како прва од двете трки во САД, по што ќе следуваат Шпанија, Монако, Азербејџан, Канада, Велика Британија, Австрија, Франција и Унгарија, пред да пристигне летната пауза. По ова, тимовите ќе се упатат кон Белгија, Холандија, повторно Италија, Русија, Сингапур, Јапонија, одново САД, Мексико, Бразил и на крајот сезоната завршува во Абу Даби.