Промовирани огласи »

wMG Motors продолжува со својата офанзива на европскиот пазар со лансирањето на целосно електричниот SUV од C сегментот - новиот MG Marvel R Electric.
 

MG Marvel R Electric беше најавен уште во март и требаше да дебитира во мај, но потоа поради пандемијата премиерата беше одложена за октомври, така што сега MG Motors конечно го носи својот електричен адут на европскиот пазар.

Станува збор за возило кое веќе се нуди на кинескиот пазар од 2020 година. Поточно, ова е редизајнирана верзија на Roewe Marvel X кој дебитираше во 2018 година. Стилот е идентичен со Rowe Marvel R, па така стандардните LED предни и задни светла и големите отвори за воздух делуваат модерно, во комбинација со типична SUV силуета.

MG Marvel R Electric во Европа ќе се нуди во три нивоа на опременост – Comfort, Luxury и Performance. Comfort и Luxury моделите ќе бидат опремени со два електромотори на задната оска, испорачувајќи 180 КС и 410 Nm. Ова ќе овозможува забрзување од нула до „стотка“ за 7,9 секунди и максимална брзина од 200 километри на час.

Performance верзијата добива поставка со три мотори, со тоа што е додаден и еден електромотор на предната оска за вкупна моќност од 288 КС и 665 Nm. Оваа верзија забрзува од нула до „стотка“ за 4,9 секунди, а ја задржува истата максимална брзина од 200 километри на час.

Промовирани огласи »

Работодавците во Канада делат откази или ги праќаат на неплатен одмор работниците кои одбиваат да се имунизираат.

Авиокомпаниите Ер канада и Вестџет, во кои над 90 отсто од персоналот е имунизиран суспендираа стотина работници кои не се имунизирани.

Агенциите за сообраќај од Торонто испратиле стотици вработени на неплатено отсуство и го намалиле обемот на некои услуги.

Најголемата болница во Отава, во која над 99 проценти од вработените се имунизирани, испратила 186 луѓе на неплатен одмор поради тоа што одбиле да се имунизираат.

Задолжителната имунизација беше централен дел од кампањата за реизбор на кандаскиот премиер Џастин Трудо во септември.

Во канада се имунизирани 83 проценти од граѓаните постари од 12 години.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 11 за непрописно престигнување и обиколување, три санкции за возење под дејство на алкохол, 27 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Промовирани огласи »

Цените на храната во светот во октомври трет месец по ред бележат раст и се искачија на нов десетгодишен максимум, повторно предводени од растот на цените на житарките и растителните масла, објави денеска Агенцијата за храна на Обединети нации.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи најтргуваните меѓународни цени на храната во светот, во просек изнесуваше 133,2 поени минатиот месец во споредба со ревидираните 129,2 за септември.

Бројката во септември претходно беше 130,0.

Порастот на цените на храната во октомври е највисок индекс од јули 2011 година. На годишна основа во октомври индексот се зголеми за 31,3 проценти.

Цените на земјоделските производи драстично пораснаа минатата година, поттикнати од доцнењето на жетвата и високата побарувачка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »