16-годишно девојче од американската држава Кентаки била киднапирана на улица, а ја спасил тајниот сигнал за кој благодарение на ТикТик дозна целиот свет.
Девојчето си шетало по улица во попладневните часови кога со возило и приѓол 61-годишниот Џејмс Херберт Брик. И рекол дека наводно се загубил, а таа наивно се согласила да му помогне и влегла во автомобилот бидејќи одела во иста насока. Брзо сфатила дека направила кобна грешка и се снашла на невиден начин. Имено, штом Брик ја заклучил вратата, случајно го оставил отворен прозорецот, а таа ја извадила раката и со дланката го покажала тајниот сигнал дека е киднапирана.
Овој знак со дланката во кој палецот е внатре во тупаница веќе некое време е омасовен на социјалните мрежи како сингла дека некој е киднапиран или дека се работи за семејно насилство. Девојчето го забележал моторџија и веднаш ја алармирал полицијата која брзо го запрела автомобилот. Брик е уапсен, а девојчето спасено.
Излегло дека тој случајно не ја одбрал жртвата. Некое време ја следел, а ја избрал затоа што обавувала разголени фотографии на социјалните мрежи. Благодарение на пријател дошол до нејзина фотка на која таа е гола.
Таа фотографија и била најдена во неговиот телефон при апсењето. Брик се обидел да ја измами полицијата кога го запрела, велејќи дека е ќерка на пријател на која и треба помош и со која наводно тргнал кај свои роднини.