Промовирани огласи »

Макс Верстапен е победник на ГН на Мексико во Формула 1. Фантастично возење, без никакви проблеми, Холанѓанецот покажа кој е кој во моментов, едноставно никој ништо не му може. Па дури ни Луис Хамилтон, актуелниот светски првак кој завршиа како втор, додека Мексиканецот Серхио Перез беше трет пред домашната публика.

Со овој триумф Холанѓанецот сега е поблиску до титулата, инаку ова за него беше 19 победа во кариерата а деветта во тековната сезона. Супер трка на Макс Верстапен на Ред Бул, кој на подиумот имаше двајца возачи.
 

Иако беше трет на стартот, сепак Верстапен по само неколку стотина метри успеа да избие на челната позиција. На мајсториски начин ги помина Ботас и Хамилтон, а овој првиот по судирот со Рикаирдо имаше и тоа како проблеми. Прво застана, но потоа се врати во трката. Холанѓанецот ја презеде трката под своја контрола, беше едноставно одличен, исто така и во боксот одлично си ја завршија својата работа при промена на пневматиците.

На крајот голема радост и еуфорија покрај патеката во таборот на победничкиот тим. Сега Верстапен има 19 бодови предност пред Хамилтон на четири трки до крајот

Промовирани огласи »

Ѕвездата на Mercedes е веројатно една од најпрепознатливите заштитни знаци во светот. Каква што ја знаеме денес, дебитираше пред 100 години.

Се враќаме во 19 век. Уште во 1899 година, австрискиот бизнисмен Емил Јелинек ѝ го дал името по ќерка му Мерцедес и ја ставил на возилата Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG). Во 1902 година го регистрирал името на официјалниот печат.

Подоцна, на 5 ноември 1921 година, пред точно 100 години, Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG) поднесе барање до канцеларијата за патенти за заштита на модифициран модел што претставува ѕвезда затворена во облик на круг.
Беа потребни до 2 години за да се регистрира дизајнот. Конечно, во 1923 година, тој беше официјално одобрен и почна гордо да ги украсува предните делови на тогашните модели.

Најчесто, логото е поставено на врвот на ладилникот. Набрзо се појави и на другите делови.

Промовирани огласи »


Кога ќе го исклучите интернетот, сè уште можете да испраќате пораки.

Оваа функција осигурува корисниците да продолжат да испраќаат и примаат пораки додека нивниот „примарен“ паметен телефон не е онлајн.

Оваа функција доаѓа до сите корисници на WhatsApp со најновото ажурирање на уредите со Android и iOS. Досега, корисниците мораа да бидат онлајн на примарен паметен телефон за да продолжат да користат WA на, да речеме, компјутер.                                                                        
За да ја овозможите оваа функција на вашиот уред, мора да ја изберете опцијата Бета.Кога ќе го овозможите, ќе ве одјави од сите уреди пред повторно да се поврзете со нови уреди. Значи, кога ќе влезете вo апликацијата, одете во поставките, потоа поврзаните уреди и активирајте ја Бета верзијата.

Апликацијата е иста како и досега, единствената разлика е во тоа што ќе можете да разговарате без разлика дали вашиот примарен уред е онлајн.

Поврзаните уреди ќе можат да примаат и испраќаат пораки до 14 дена откако примарниот уред ќе биде офлајн. Ова може да биде корисно ако го изгубите мобилниот телефон или ако останете без батерија.

За жал, постојат ограничувања. На уредите со IOS не им е дозволено да бришат пораки или разговори од поврзаните уреди и не можете да поврзете сметка со таблет или друг мобилен телефон на iOS.

Промовирани огласи »

Денеска Владата на редовната седница треба да прогласи вонредна енергетска кризна состојба. Рестрикции на струја нема да има, според најавите од Министерството за економија, а до крајот на годината нема да се зголеми ниту цената на електичната енергија за домаќинствата, но сепак ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, прес се МЕПСО и АД ЕСМ.

Во новата уредба се попрецизно пропишани работите во надлежност на Комисијата која ќе треба да се формира за следење на состојбата. Учесниците на пазарот ќе бидат должни на секој можен начин да прибават енергија со која ќе се покрие недостатокот. Освен хавариска испомош, дополнителен увоз и ангажирање резерви, се отвора можност за обезбедување дополнителни финансиски средства преку репрограмирање на побарувањата од балансно одговорните страни, како и ослободување од обврската за гарантирање на балансната одговорност. Ова значи покривање на “дупките” создадени од дебалансите со буџетски средства, односно употреба на парите на граѓаните за справување со последиците на крајно недомаќинскиот однос во енергетскиот сектор и отсуството на стратегија во секторот со години наназад, велат експертите.

Кризна состојба, како што претходно најави министерот за економија Крешник Бектеши, ќе биде прогласена на денешната владина седница, а треба и да се знае колку средства од буџетот ќе бидат трансферирани кај енергетските компании.

Според Бектеши, Владата има средства за да интервенира и во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од буџетот, но најверојатно се работи за сума од 100 милиони евра, пари кои останаа непотрошени за ковид-кризата.

Во меѓувреме АД ЕСМ продолжува да купува струја за домаќинствата, откако РЕК Битола поради технички проблем престана да работи со единствениот блок кој произведуваше електрична енергија. Куштрим Рамадани, директорот на МЕПСО, пак рече дека на компанијата и се потребни барем 30 милиони евра во моментов.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »