Промовирани огласи »

Справувањето со песимистот во вашиот тим може да биде фрустрирачко и да ви одзема многу време. Обидиот да ги игнорирате или да им се спротиставувате на честите негативни коментари од него, можат едноставно да поттикнат дополнителна негативност. Добра вест е тоа што ако бидете проактивни, можете да му помогнете на песимистот да го промени своето однесување и да му овозможите на вашиот тим да постигне поголема продуктивност.
 

Еве неколку совети како да се справете со песимистот во вашиот тим:

  1. Создадете свест.
    Ова најдобро функционира ако го тргнете членот на тимот настрана и ќе му објасните дека неговите коментари влијаат негативно. Објаснете му зошто тој е ценет во тимот и појаснете му го влијанието на неговото однесување. На пример, можете да му кажете: „Кога давате негативни коментари, тимот заглавува и не можеме да продолжиме напред“.
  2. Заобиколете ги негативните мислења.
    Негативноста може да ја намали мотивацијата на тимот. Не се задржувајте на негативните коментари. Побарајте појаснување или повеќе информации за тоа што и зошто така мисли говорникот. На пример, ако некој член од тимот рече: „Овој проект никогаш нема да успее“, замолете го да објасни зошто мисли така. Уште подобро, можете да побарате алтернативни решенија: „Што можеме да направиме за да се увериме дека проектот ќе помине успешно? 
  3. Вклучете го целиот тим.
    Издвојувањето на член од тимот пред сите други може да биде штетно. Притисокот од колегите е далеку поефикасна тактика. Понекогаш социјалните санкции функционираат подобро од санкциите на лидерите. Поставете тимски норми и замолете ги сите да ги почитуваат истите.

Доколку имате песимист во тимот, на кој начин вие се справувате со него? 

Промовирани огласи »

Растат трошоците за живот во земјава. Тие во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември. Поскапеа лебот, шеќерот, зејтинот, а поевтинија туристичките аранжмани, кај месото за 1,7 проценти, кај прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,2 проценти, кај млекото за 0,7 проценти, кај сирењето и урдата за 0,5 проценти и кај рибата и морските плодови и жестоките пијалаци за 0,3 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Во октомври, раст на трошоците на животот имало и кај гасот и течните горива за домаќинствата, рестораните и кафулињата, обувките, услугите за домаќинствата, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, цврстите горива за домаќинствата, накитот и часовниците, големите и малите електрични апарати за домаќинствата….

Намалување на трошоците на животот имало кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, свежото и разладеното овошје, пивото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук и виното. Поевтинување имало и кај воздухопловниот патнички транспорт, туристичките пакет-аранжмани, велосипедите, книгите.

Иистите работи кои лани чинеле колку една плата, сега се зголемени за 1.000 денари.

Ако ги погледнеме платите, просечната плата е зголемена за 4 отсто, односно за 1.100 денари, од 27.535 на 28.642 денари.

Промовирани огласи »

Во одредени делови на Скопје има зголемена потрошувачка на електрична енергија, но има и појави на кражба на електрична енергија, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини, вели за „Утрински брифинг“ Марко Бислимовски, претседателот на регулаторната Комисија за енергетика.

Луѓето сами ги менуваат осигурувачите, со што може да се предизвика пожар затоа што се овозможува поголема моќност без да се има услови за тоа. Кражба на електрична енергија е кривично дело, а инаку може да се зголеми потрошувачката, но тоа треба да се пријави во ЕВН и да се променат легално осигурувачите и евентуално кабелот, објаснува Бислимовски. 

Тој додава дека и копањето биткоини треба да се прави легално, односно да се пријави за испорака на поголема моќност на струјата. 

Промовирани огласи »

За организацијата да работи непречено и да ги исполнува своите цели, важно е да се поттикнат вработените за соработка. За жал кај повеќето фирми ова не се случува природно, затоа се вложуваат напори и се превземуваат чекори за успешна соработка на работното место.

Соработката на работното место може да означува многу работи. Ова го вклучува нивото на кое вработените учествуваат во донесувањето одлуки, како менаџментот и вработените работат заедно за да ги решат проблемите  за да заедничките цели бидат постигнати.

Постојат многу начини кои раководството заедно со вработените можат да ги преевземат за подобрување на соработката на работното место.

  1. Тимската работа мора да стане дел од културата на вашето работно место.
  2. Ресурсите потребни на вашиот тим секогаш треба да бидат обезбедени од претпоставените.
  3. Бидете социјализирани и надвор од работа.
  4. Поделете ги улогите со другите колеги во тимот.
  5. Проблемите секогаш решавајте ги навреме.
     

Не дозволувајте лошата комуникација да ви наштети на вашето работното место и имплементирајте ги горенаведените совети за да се осигурате дека соработката  ви оди  во добар правец.

Дали вие соработувате со вашите колеги? Каква е атмосферата во вашиот работен тим?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »