Промовирани огласи »

Во одредени делови на Скопје има зголемена потрошувачка на електрична енергија, но има и појави на кражба на електрична енергија, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини, вели за „Утрински брифинг“ Марко Бислимовски, претседателот на регулаторната Комисија за енергетика.

Луѓето сами ги менуваат осигурувачите, со што може да се предизвика пожар затоа што се овозможува поголема моќност без да се има услови за тоа. Кражба на електрична енергија е кривично дело, а инаку може да се зголеми потрошувачката, но тоа треба да се пријави во ЕВН и да се променат легално осигурувачите и евентуално кабелот, објаснува Бислимовски. 

Тој додава дека и копањето биткоини треба да се прави легално, односно да се пријави за испорака на поголема моќност на струјата. 

Промовирани огласи »

За организацијата да работи непречено и да ги исполнува своите цели, важно е да се поттикнат вработените за соработка. За жал кај повеќето фирми ова не се случува природно, затоа се вложуваат напори и се превземуваат чекори за успешна соработка на работното место.

Соработката на работното место може да означува многу работи. Ова го вклучува нивото на кое вработените учествуваат во донесувањето одлуки, како менаџментот и вработените работат заедно за да ги решат проблемите  за да заедничките цели бидат постигнати.

Постојат многу начини кои раководството заедно со вработените можат да ги преевземат за подобрување на соработката на работното место.

  1. Тимската работа мора да стане дел од културата на вашето работно место.
  2. Ресурсите потребни на вашиот тим секогаш треба да бидат обезбедени од претпоставените.
  3. Бидете социјализирани и надвор од работа.
  4. Поделете ги улогите со другите колеги во тимот.
  5. Проблемите секогаш решавајте ги навреме.
     

Не дозволувајте лошата комуникација да ви наштети на вашето работното место и имплементирајте ги горенаведените совети за да се осигурате дека соработката  ви оди  во добар правец.

Дали вие соработувате со вашите колеги? Каква е атмосферата во вашиот работен тим?

Промовирани огласи »

Flutter Entertainment Plc се здоби со 100% удел во Singular. Технологијата на компанијата препознаена како еден од клучните мотиви за оваа аквизиција која за Singular отвара можности за експанзија на нови пазари.

Flutter Entertainment Plc е едена од најголемите групации во iGaming индустријата оперативна на повеќе од сто територии на глобалниот пазар. Компанијата е најпрепознатлива по својот водечки бренд PokerStars како и други светски познати имиња. PaddyPower,  FanDuel, SportsBet се само неколку примери.

Singular стана дел од интернационалната дивизија на Flutter каде веќе успешно фукнционираат Junglee Games, Betfair и Adjarabet, уште неколку звучни брендови во ова поле. Adjarabet е долгогодишен клиент на Singular преку кој Flutter директно се спозна со начинот на работа на Singular, особено флексибилност и агилноста на тимот во развојниот процес на еден технички комплексен производ.

Покажаниот интерес на Flutter да ја превземе Singular под својата капа на водечки брендови претставува големо признание за техничкиот капацитет, културата на работење и потенцијалот, како на компанијата така и на тимот, за понатамошен раст и развој.

Еден од главните постулати на интернационалната дивизија се заснова на идејта за аквизирање на бреднови кои имаат потенцијал за меѓународен раст. Singular со досегашниот успех и докажан квалитет на софтвер се вклопува во стратегијата на Flutter за експанзија на нови пазари.

Ова е огромно достигнување на луѓето во Singular. Истото претставува резултат на долгогодишна посветеност, напорна  работа и тимски труд со цел да создадеме производ кој ќе се носи со предизвиците на глобалниот пазар. Со ова,  Singular започнува ново поглавје како составен дел на една од најголемите групации во iGaming индустријата на светско ниво. - изјави Дарко Гацов, еден од ко-основачите на Singular.

Аквизицијата не само што отвара нови можности за меѓународна експанзија на Singular, туку, отвара и нови врати и канали за размена на идеи, знање, и иновација како на компаниско, така и на индивидуално ниво. Flutter International претставува платформа која на тимот на Singular му дава пристап до опсежно портфолио на глобални проекти, како и доплнителни можности за развој на мултидсциплинарна и меѓународна кариера.

Оперативното работење и менаџмент тимот остануваат непроменети. Групацијата Flutter е препознатлива по својата инклузивна култура која има за цел да го поддржи растот на индивидуалните брендови, во исто време овозможувајќи задржување на својот компаниски идентитет.

Промовирани огласи »

После долгогодишно постоење на пазарот и веќе напишана успешна приказна, JYSK ја продолжува својата мисија со отварање на нова продавница и четврта по ред во најголемиот мол во Македонија, East Gate. Целта е да им се овозможи на сите клиенти поголема слобода, поширок асортиман и избор, како и инспирација сами да го дизајнираат својот дом, и целиот ентериер воедно.

“Concept 3.0” како што е нарекуван, се разликува од основниот концепт на JYSK не само во однос на местоположбата на продавницата, туку и во однос на дизајнот.  

Новата продавница во ланецот на JYSK продавници се распостранува на 1300м2, со широк асортиман на производи и прегледност на сите артикли. Продавницата нуди поинспиративно шопинг искуство со уредување на вашиот дом во одделите за мебел како и сите други делови, како бањата, спалната, градината итн. 

Секој од производите е така поставен да биде лесен на дофат за секој од потрошувачите, да дава максимален број на информации и притоа да го истакнува просторот. Тимот на JYSK е секогаш тука да ве информира за сите детали.

До  ново отворената продавница  во East Gate пристапот е многу лесен има безбедни паркинг места за вашиот автомобил, а влезот на продавницата можете да го најдете веднаш од главниот влез кон ескалаторот за нивото -2. Актуелните попусти се секогаш добра понуда за клиентите, попусти кои ги задоволуваат вашите потреби се секогаш цел на JYSK.

Секогаш, имаме добра понуда за вас!
JYSK, скандинавско живеење.

Pas shumë vitesh ekzistence në treg dhe tashmë e shkruar një histori suksesi, JYSK vazhdon misionin e tij duke hapur një dyqan të ri dhe i katërti me radhë në qendrën tregtare më të madhe në Maqedoni, East Gate. Qëllimi është t'u japë të gjithë klientëve më shumë liri, një gamë dhe zgjedhje më të gjerë, si dhe frymëzim për të dizajnuar shtëpinë e tyre dhe të gjithë brendësinë në të njëjtën kohë.

“Concept 3.0” siç quhet ndryshe, ndryshon nga koncepti bazë i JYSK-ut jo vetëm në aspektin e vendndodhjes së dyqanit, por edhe në aspektin e dizajnit.

Dyqani i ri në zinxhirin e dyqaneve JYSK shtrihet në 1300m2, me një gamë të gjerë produktesh dhe dukshmëri të të gjithë artikujve. Dyqani ofron një eksperiencë blerjeje më frymëzuese për rregullimin e mobiljeve në shtëpinë tuaj si dhe të gjitha pjesët e tjera, si banjë, dhomë gjumi, kopsht, etj.

Secili prej produkteve është vendosur të jetë lehtë i arritshëm për secilin nga konsumatorët, për të dhënë sasinë maksimale të informacionit dhe në të njëjtën kohë për të theksuar hapësirën. Ekipi i JYSK është gjithmonë këtu për të ju informuar për të gjitha detajet.

Qasja në dyqanin e sapohapur në East Gate është shumë e lehtë, ka vende parkimi të sigurta për makinën tuaj, dhe hyrjen në dyqan mund ta gjeni menjëherë nga hyrja kryesore për tek shkallët lëvizëse në nivelin -2.

Zbritjet aktuale janë gjithmonë një ofertë e mirë për klientët, uljet që plotësojnë nevojat tuaja janë gjithmonë një synim i JYSK.

Gjithmonë kemi një ofertë të mirë për ju!

JYSK, jetesë skandinave.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »