Промовирани огласи »

Flutter Entertainment Plc се здоби со 100% удел во Singular. Технологијата на компанијата препознаена како еден од клучните мотиви за оваа аквизиција која за Singular отвара можности за експанзија на нови пазари.

Flutter Entertainment Plc е едена од најголемите групации во iGaming индустријата оперативна на повеќе од сто територии на глобалниот пазар. Компанијата е најпрепознатлива по својот водечки бренд PokerStars како и други светски познати имиња. PaddyPower,  FanDuel, SportsBet се само неколку примери.

Singular стана дел од интернационалната дивизија на Flutter каде веќе успешно фукнционираат Junglee Games, Betfair и Adjarabet, уште неколку звучни брендови во ова поле. Adjarabet е долгогодишен клиент на Singular преку кој Flutter директно се спозна со начинот на работа на Singular, особено флексибилност и агилноста на тимот во развојниот процес на еден технички комплексен производ.

Покажаниот интерес на Flutter да ја превземе Singular под својата капа на водечки брендови претставува големо признание за техничкиот капацитет, културата на работење и потенцијалот, како на компанијата така и на тимот, за понатамошен раст и развој.

Еден од главните постулати на интернационалната дивизија се заснова на идејта за аквизирање на бреднови кои имаат потенцијал за меѓународен раст. Singular со досегашниот успех и докажан квалитет на софтвер се вклопува во стратегијата на Flutter за експанзија на нови пазари.

Ова е огромно достигнување на луѓето во Singular. Истото претставува резултат на долгогодишна посветеност, напорна  работа и тимски труд со цел да создадеме производ кој ќе се носи со предизвиците на глобалниот пазар. Со ова,  Singular започнува ново поглавје како составен дел на една од најголемите групации во iGaming индустријата на светско ниво. - изјави Дарко Гацов, еден од ко-основачите на Singular.

Аквизицијата не само што отвара нови можности за меѓународна експанзија на Singular, туку, отвара и нови врати и канали за размена на идеи, знање, и иновација како на компаниско, така и на индивидуално ниво. Flutter International претставува платформа која на тимот на Singular му дава пристап до опсежно портфолио на глобални проекти, како и доплнителни можности за развој на мултидсциплинарна и меѓународна кариера.

Оперативното работење и менаџмент тимот остануваат непроменети. Групацијата Flutter е препознатлива по својата инклузивна култура која има за цел да го поддржи растот на индивидуалните брендови, во исто време овозможувајќи задржување на својот компаниски идентитет.

Промовирани огласи »

После долгогодишно постоење на пазарот и веќе напишана успешна приказна, JYSK ја продолжува својата мисија со отварање на нова продавница и четврта по ред во најголемиот мол во Македонија, East Gate. Целта е да им се овозможи на сите клиенти поголема слобода, поширок асортиман и избор, како и инспирација сами да го дизајнираат својот дом, и целиот ентериер воедно.

“Concept 3.0” како што е нарекуван, се разликува од основниот концепт на JYSK не само во однос на местоположбата на продавницата, туку и во однос на дизајнот.  

Новата продавница во ланецот на JYSK продавници се распостранува на 1300м2, со широк асортиман на производи и прегледност на сите артикли. Продавницата нуди поинспиративно шопинг искуство со уредување на вашиот дом во одделите за мебел како и сите други делови, како бањата, спалната, градината итн. 

Секој од производите е така поставен да биде лесен на дофат за секој од потрошувачите, да дава максимален број на информации и притоа да го истакнува просторот. Тимот на JYSK е секогаш тука да ве информира за сите детали.

До  ново отворената продавница  во East Gate пристапот е многу лесен има безбедни паркинг места за вашиот автомобил, а влезот на продавницата можете да го најдете веднаш од главниот влез кон ескалаторот за нивото -2. Актуелните попусти се секогаш добра понуда за клиентите, попусти кои ги задоволуваат вашите потреби се секогаш цел на JYSK.

Секогаш, имаме добра понуда за вас!
JYSK, скандинавско живеење.

Pas shumë vitesh ekzistence në treg dhe tashmë e shkruar një histori suksesi, JYSK vazhdon misionin e tij duke hapur një dyqan të ri dhe i katërti me radhë në qendrën tregtare më të madhe në Maqedoni, East Gate. Qëllimi është t'u japë të gjithë klientëve më shumë liri, një gamë dhe zgjedhje më të gjerë, si dhe frymëzim për të dizajnuar shtëpinë e tyre dhe të gjithë brendësinë në të njëjtën kohë.

“Concept 3.0” siç quhet ndryshe, ndryshon nga koncepti bazë i JYSK-ut jo vetëm në aspektin e vendndodhjes së dyqanit, por edhe në aspektin e dizajnit.

Dyqani i ri në zinxhirin e dyqaneve JYSK shtrihet në 1300m2, me një gamë të gjerë produktesh dhe dukshmëri të të gjithë artikujve. Dyqani ofron një eksperiencë blerjeje më frymëzuese për rregullimin e mobiljeve në shtëpinë tuaj si dhe të gjitha pjesët e tjera, si banjë, dhomë gjumi, kopsht, etj.

Secili prej produkteve është vendosur të jetë lehtë i arritshëm për secilin nga konsumatorët, për të dhënë sasinë maksimale të informacionit dhe në të njëjtën kohë për të theksuar hapësirën. Ekipi i JYSK është gjithmonë këtu për të ju informuar për të gjitha detajet.

Qasja në dyqanin e sapohapur në East Gate është shumë e lehtë, ka vende parkimi të sigurta për makinën tuaj, dhe hyrjen në dyqan mund ta gjeni menjëherë nga hyrja kryesore për tek shkallët lëvizëse në nivelin -2.

Zbritjet aktuale janë gjithmonë një ofertë e mirë për klientët, uljet që plotësojnë nevojat tuaja janë gjithmonë një synim i JYSK.

Gjithmonë kemi një ofertë të mirë për ju!

JYSK, jetesë skandinave.

Промовирани огласи »

 Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена на барање на Комисија за проценка на енергетскиот сектор во државата, формирана од Министерството за економија.

Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

Единствена цел на прогласувањето кризна состојба е подобрување на ликвидноста на енергетските компании за да можат континуирано да ги снабдуваат домаќинствата и да се стабилизира состојбата на пазарот со електрична енергија. Нема да има никакви рестриктивни мерки за граѓаните и компаниите, рече Бектеши и додаде дека за таа намена на енергетските компании ќе им бидат трансферирани околу четири милијарди денари од Буџетот.

Владата во моментов, нагласи, е фокусирана на успешно справување со предизвиците настанати од глобалната енерегетска криза.

-За остварување на таа цел, вклучени се раководствата на сите компании од енергетскиот сектор и владини институции. Во моментов работиме на ставање во функција на сите енергетски капацитети со цел да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да спречиме поголеми ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи, посочи Бектеши.

Прашан дали ќе има одговорност за состојбата, рече дека му е препорачано на Управниот одбор на ЕСМ да ја извести Владата за начинот на кој работела компанијата во сите подружници и согласно добиените информации ако се утврди дека не е работено согласно плановите Владата ќе препорача да преземе мерки.

Мое лично мислење е дека треба да има одговорност, но првично треба да се справиме со енергетската криза, а потоа ќе зборуваме и за конкретна одговорност кој потфрлил и зошто, рече Бектеши и додаде дека на денешната седница не било разговарано за евентуална оставка на генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања истакна дека е во тек евалуацијата на пристигнатите понуди за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола и посочи дека ТЕЦ Осломеј треба да биде во функција од 1 декември, во РЕК Битола веќе е вклучен Блок 1, а за неколку дена треба да биде ставен во функција и Блок 2.

На 30 октомври, Владата донесе Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Со оваа Уредба се утврдуваат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба и мерките што се преземаат во случај на кризна состојба настаната поради временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во услови на кризна состојба, како и правата и обврските што произлегуваат.

Токму заради тоа, како што рече Бектеши, операторот на преносниот систем МЕПСО изготви извештај за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година. Според доставениот извештај Комисијата процени дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија.

-Ваквата проценка на ризици се темели на неколку основи заради капацитетите на домашното производство, но и заради зголемените цени на странските берзи, прецизира Бектеши.

Промовирани огласи »

Има причина да прославиме кога би добиле понуда за работа од друг работодавец. Но, штом ќе завршиме, може да почувствуваме страв бидејќи треба да го известиме сегашниот шеф. Тоа е деликатна ситуација, но ако постапите правилно, може да се најдете во среќна позиција и  да направете контрапонуда во вашата моментална компанија. Ова може да доведе до покачување на вашата моментална плата на сегшаното работно место или можеби сепак ќе одлучите да заминете. Еве неколку начини како да го информирате вашиот шеф дека сте добиле понуда за работа од друга компанија.

1. Размислете за вашите цели и смислете стратегија
Добивањето на понуда од друга комапнија не мора да значи дека ќе ја прифатите и ќе ја напуштите сегашната работа. Можеби понудата ја добивте во погрешен момент со што треба да ја споредете со вашата моментална работа. Дури и ако сте интервјуирани за  новата работата и сериозно ја разгледувате понудата, можеби сè уште не сте сигурни дали сакате да ја преземете новата позиција.
 

2. Бидете позитивни додека разговарате
Начинот на кој ќе објаснувате за вашата нова можност може да ви донесе  позитивно искуство, без разлика дали вашата цел е да заработите повеќе пари кај вашиот сегашен работодавец или да заминете во новата компанија. Дури и ако сте возбудени да ја напуштите работата и да продолжите понатаму, важно е да бидете професионални до крај.

3. Бидете спремни за контра-понуда
Штом ќе ги споделите вашите вести можно е да  вашиот претпоставен да ви предложи контрапонуда за да ве разубеди да останете во сегашната компанија. Вашиот шеф може да ве праша која е вашата нова плата и да ве искушува со зголемување на истата  за да останете на вашата моментална работа.

Доколку ги следете овие совети, ќе можете да водете успешен разговор со вашиот шеф.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »