Промовирани огласи »

Шефот на Instagram Адам Мосари потврди дека платформата ја тестира долгоочекуваната опција Take a Break.

Станува збор за опција која ќе ги потсети корисниците дека поминуваат премногу време на Instagram.

„Ако ја активирате опцијата ќе ве охрабри да направите пауза и да одморите од Instagram откако ќе поминете одредено време користејќи ја, 10, 20 или 30 минути. Опцијата е направена за да им овозможи на луѓето да имаат поголема контрола на Instagram. На тој начин ќе го ограничите времето колку ја користите апликацијата“, изјави Мосари.

Тестирањето на опцијата Take a Break доаѓа во време кога се покажа дека Instagram има негативен ефект на менталното здравје на младите луѓе.

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Дали си во потрага по средина во која можеш да ја оствариш својата кариера? Дојде на вистинското место! Создади искуство кое ТИ сакаш да го живееш, можеби во А1 Македонија има позиција на која што ти припаѓаш.

Аплицирај за некоја од позициите:

INTERNAL AUDITOR

SOHO SME ACCOUNT MANAGER 

SALES ADVISOR - OHRID 

SALES ADVISOR - GOSTIVAR 

SALES ADVISOR - SKOPJE 

TECHNICAL PRODUCT MANAGEMENT INTERN 

DIGITAL TRANSFORMATION INTERN

Промовирани огласи »

Добро е да се гордеете со вашите успеси, но преголемото его може да биде крајно штетно за вашата кариера. Можеби нема да пропаднете веднаш, но егото на крајот ќе ве достигне и ќе ја оштети вашата кариера на начини на кои не можете да заздравите. Прочитајте подолу за да дознаете зошто вашето его е толку опасно и што можете да направите за да го контролирате.

1. Големото его е лоша верзија на високата самодоверба
Прво, да откриеме што го разликува егото од здравата самодоверба. Накратко, самодовербата е добра, дрскоста не е. Силната самодоверба значи дека сте сигурни во вашите одлуки и не се плашите да слушате идеи што не се ваши. Его е кога сте толку сигурни во вашите одлуки што не сте подготвени да слушате различни мислења, убедени сте дека вашите мислења се единствените што вреди да се слушаат.

2. Најдете малку понизност

Сите ние имаме чувство за себе. Можеме да почувствуваме колку сме важни и колку тежина носиме кога разговараме со луѓето. Или барем така си кажуваме. Мислиме дека сме најважната личност на светот. Меѓутоа да се има пристојна количина на понизност е само добра работа. Можеби сте одличен водител во очите на некои луѓе, можеби сте добар комуникатор или што и да е тоа, но не треба да го надувате сопственото его. 

3.Егото ве спречува да ги почитувате различните мислења

Самоуверените луѓе се подготвени и способни да ги слушаат мислењата на другите луѓе, дури и среќни да слушнат идеи подобро од нивните. Егоистичните луѓе се исплашени дека другите луѓе ќе ги надмудрат и засрамат, дури и кога никој друг во просторијата не го смета разговорот за натпревар. Не скокајте да ги затворате идеите на другите луѓе. Дури и ако не ви се допаѓаат на почетокот, дајте им малку време да потонат. Побарајте работи за пофалби пред да почнете да критикувате.

Промовирани огласи »

Португалскиот Парламент усвои закон со кој им се забранува на работодавците да им се јавуваат или да им пишуваат пораки на своите вработени кои работат на далечина по крајот на работното време, објави Еуроњуз.

Според новите правила, работодавачот може да биде казнет поради прекршување на законот. Освен тоа, газдите повеќе нема да можат да ги мониторираат вработените кои работат од далечина. Меѓутоа, португалските пратеници го одбија предлогот за легализирање на т.н „право на исклучување“ – законско право за исклучување од деловни „четови“ и уреди по работното време.

Дополнително, од бизнисите ќе се бара да ги покријат трошоците направени од работниците како резултат на преминот кон работа на далечина. Ова се однесува на сметките за струја и интернет, но не и за вода.

Новите правила се добра вест и за родителите на мали деца. Тие сега имаат право да работат од дома без да мораат да се договорат однапред со работодавците, додека нивното дете не наполни осум години.

Усвоените измени на трудовото законодавство нема да важат за фирмите со помалку од 10 вработени.

Исто така, мерки за справување со осаменоста се вклучени во правилата за работа на далечина, при што се очекува компаниите да организираат состаноци лице в лице најмалку на секои два месеци.

Португалија е првата европска земја што ги промени правилата за работа од далечина како резултат на пандемијата на Ковид-19. Привремените правила го направија работењето од далечина задолжителна опција – со неколку исклучоци – и ги обврзаа работодавците да ги обезбедат потребните алатки за извршување на работата од дома.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »