Промовирани огласи »

Португалскиот Парламент усвои закон со кој им се забранува на работодавците да им се јавуваат или да им пишуваат пораки на своите вработени кои работат на далечина по крајот на работното време, објави Еуроњуз.

Според новите правила, работодавачот може да биде казнет поради прекршување на законот. Освен тоа, газдите повеќе нема да можат да ги мониторираат вработените кои работат од далечина. Меѓутоа, португалските пратеници го одбија предлогот за легализирање на т.н „право на исклучување“ – законско право за исклучување од деловни „четови“ и уреди по работното време.

Дополнително, од бизнисите ќе се бара да ги покријат трошоците направени од работниците како резултат на преминот кон работа на далечина. Ова се однесува на сметките за струја и интернет, но не и за вода.

Новите правила се добра вест и за родителите на мали деца. Тие сега имаат право да работат од дома без да мораат да се договорат однапред со работодавците, додека нивното дете не наполни осум години.

Усвоените измени на трудовото законодавство нема да важат за фирмите со помалку од 10 вработени.

Исто така, мерки за справување со осаменоста се вклучени во правилата за работа на далечина, при што се очекува компаниите да организираат состаноци лице в лице најмалку на секои два месеци.

Португалија е првата европска земја што ги промени правилата за работа од далечина како резултат на пандемијата на Ковид-19. Привремените правила го направија работењето од далечина задолжителна опција – со неколку исклучоци – и ги обврзаа работодавците да ги обезбедат потребните алатки за извршување на работата од дома.

Промовирани огласи »

Новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје.

Причина за раскинување на договорот, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, е можната енергетска криза и можните рестрикции во снабдувањето со електрична енергија.

Исто така, јавноста реагираше на сумата која е предвидена за украсување и ѝ порача на Арсовска да го раскине договорот, бидејќи сметаат дека нема потреба од украсување. 

Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа лус“ и чини 240.000 евра.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, започна исплата на парични средства за јули, август и септември 2021 година, односно третото тромесечие.

Од Управата за јавни приходи за Нова ТВ велат дека согласно член 8 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, врши враќање на данокот на трансакциска сметка на физичкото лице по службена должност во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Согласно наведеното, Управата за јавни приходи започна со реализација на исплатата на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги кои граѓаните ги скенирале во третото тримиесечје од 2021 година односно во месеците јули август и септември 2021 година, велат од Управата за јавни приходи.

Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Справувањето со песимистот во вашиот тим може да биде фрустрирачко и да ви одзема многу време. Обидиот да ги игнорирате или да им се спротиставувате на честите негативни коментари од него, можат едноставно да поттикнат дополнителна негативност. Добра вест е тоа што ако бидете проактивни, можете да му помогнете на песимистот да го промени своето однесување и да му овозможите на вашиот тим да постигне поголема продуктивност.
 

Еве неколку совети како да се справете со песимистот во вашиот тим:

  1. Создадете свест.
    Ова најдобро функционира ако го тргнете членот на тимот настрана и ќе му објасните дека неговите коментари влијаат негативно. Објаснете му зошто тој е ценет во тимот и појаснете му го влијанието на неговото однесување. На пример, можете да му кажете: „Кога давате негативни коментари, тимот заглавува и не можеме да продолжиме напред“.
  2. Заобиколете ги негативните мислења.
    Негативноста може да ја намали мотивацијата на тимот. Не се задржувајте на негативните коментари. Побарајте појаснување или повеќе информации за тоа што и зошто така мисли говорникот. На пример, ако некој член од тимот рече: „Овој проект никогаш нема да успее“, замолете го да објасни зошто мисли така. Уште подобро, можете да побарате алтернативни решенија: „Што можеме да направиме за да се увериме дека проектот ќе помине успешно? 
  3. Вклучете го целиот тим.
    Издвојувањето на член од тимот пред сите други може да биде штетно. Притисокот од колегите е далеку поефикасна тактика. Понекогаш социјалните санкции функционираат подобро од санкциите на лидерите. Поставете тимски норми и замолете ги сите да ги почитуваат истите.

Доколку имате песимист во тимот, на кој начин вие се справувате со него? 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »