Промовирани огласи »

Од утре за влез во угостителски објекти, молови и настани ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Досега како потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, се сметаше примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19.

Од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, се сметаат примени две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, соопштија од владината прес-служба.

Промовирани огласи »

Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, најавува дека со новиот Закон за работни односи ќе се намали времето на можноста за вработување на определено време.

Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира сигурна работна сила и за следната сезона и породилно отсуство чиј концепт го менуваме и воведуваме родителско отсуство и за татковците, објави Шахпаска на својот Фејсбук профил.

Министерката прво очекува експертската јавност да го даде своето мислење на јавната расправа за овој Закон. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

·зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
·пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:

·зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

·пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

  • зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
  • пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
  • автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Промовирани огласи »

Комуникациските вештини се важен аспект на успехот во речиси секоја работна индустрија. Ефективните комуникациски вештини градат јасно разбирање помеѓу вас и вашите колеги. Користењето на овие вештини ја подобрува вашата способност да пренесувате идеи и емоции, да ги слушате другите, соодветно да реагирате и да собирате информации околу вас. Слушањето може да ви донесе поголем успех во кариерата и задоволството на работното место.

Ова се неколку совети што треба да ги земете во предвид за да ги подобрите вашите комуникациски вештини на работното место и да станете што е можно поуспешни.
 

  1. Слушајте со разбирање.
    Кога разговарате со друг или пак за време на презентација, не заборавајте да  му посветите внимание на лицето што зборува. Отфрлете го секое одвлекување на вниманието, исклучете ги телефоните и исклучете ги известувањата од социјалните мрежи. Фокусирајте се на тоа да бидете во моментот психички тука и користете го говорот на тело како показател на вашиот интерес за она што другиот го зборува. Свртете го телото кон поединецот кој зборува, седнете или застанете право за да покажете заинтересираност. Користењето на овие вештини за слушање на работното место покажува дека ги почитувате идеите на другите.
     
  2. Бидете свесни за луѓето околу вас додека зборувате.
    Комуникацијата е постојано давање и преземање на информации. Дури и кога не зборувате, начинот на кој се однесувате испраќа знаци до другите. На работното место, голем дел од вашата комуникација е формална и треба да содржи јазик кој е почитуван и конструктивен за комуникација и одржување на професионализмот.
     
  3. Изразете емпатија
    Повеќето луѓе ќе бидат поспремни да комуницираат и да ве слушат ако знаат дека и вие ги слушате нив кога е потребно. Способноста да се разберат туѓите чувства или со нивно потврдување и повторување или со давање невербални знаци како што се климање со главата и насмевка, открива емоционална интелигенција.

Пробајте да ги користете сите овие совети одеднаш. Или пак само неколку во исто време додека не станат вообичаени, постепено ќе ги подобрите вашите комуникациски вештини додека не станат најдобри што можат. Кога ќе станете подобар слушател и комуникатор, другите околу вас ќе ги забележат вашите напори и ќе го следат примерот.
 

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »