Промовирани огласи »

Комуникациските вештини се важен аспект на успехот во речиси секоја работна индустрија. Ефективните комуникациски вештини градат јасно разбирање помеѓу вас и вашите колеги. Користењето на овие вештини ја подобрува вашата способност да пренесувате идеи и емоции, да ги слушате другите, соодветно да реагирате и да собирате информации околу вас. Слушањето може да ви донесе поголем успех во кариерата и задоволството на работното место.

Ова се неколку совети што треба да ги земете во предвид за да ги подобрите вашите комуникациски вештини на работното место и да станете што е можно поуспешни.
 

  1. Слушајте со разбирање.
    Кога разговарате со друг или пак за време на презентација, не заборавајте да  му посветите внимание на лицето што зборува. Отфрлете го секое одвлекување на вниманието, исклучете ги телефоните и исклучете ги известувањата од социјалните мрежи. Фокусирајте се на тоа да бидете во моментот психички тука и користете го говорот на тело како показател на вашиот интерес за она што другиот го зборува. Свртете го телото кон поединецот кој зборува, седнете или застанете право за да покажете заинтересираност. Користењето на овие вештини за слушање на работното место покажува дека ги почитувате идеите на другите.
     
  2. Бидете свесни за луѓето околу вас додека зборувате.
    Комуникацијата е постојано давање и преземање на информации. Дури и кога не зборувате, начинот на кој се однесувате испраќа знаци до другите. На работното место, голем дел од вашата комуникација е формална и треба да содржи јазик кој е почитуван и конструктивен за комуникација и одржување на професионализмот.
     
  3. Изразете емпатија
    Повеќето луѓе ќе бидат поспремни да комуницираат и да ве слушат ако знаат дека и вие ги слушате нив кога е потребно. Способноста да се разберат туѓите чувства или со нивно потврдување и повторување или со давање невербални знаци како што се климање со главата и насмевка, открива емоционална интелигенција.

Пробајте да ги користете сите овие совети одеднаш. Или пак само неколку во исто време додека не станат вообичаени, постепено ќе ги подобрите вашите комуникациски вештини додека не станат најдобри што можат. Кога ќе станете подобар слушател и комуникатор, другите околу вас ќе ги забележат вашите напори и ќе го следат примерот.
 

 

Промовирани огласи »

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 200 денари во однос на септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка.

Според овие податоци, синдикалната минимална кошничка во октомври изнесува 34.584 денари. Храната учествува со 42,7 проценти во вкупната структура на кошничката или за храна и пијалоци потребни биле 14.779 денари. За режиски трошоци биле потребни најмалку 10.879 денари, а за хигиена 2.390 денари.

– Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните, велат од Синдикатот.

Оттаму оценуваат дека е оправдано барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и линеарно зголемување на останатите плати.

Промовирани огласи »

Дел од авто школите веќе ги поскапеа цените за услугите кои тие ги нудат, додека дел работат сеуште по стари цени, но не уште долго. Имено, од 01.12.2021 година цената на обуката ќе се покачи за 30%, односно кандидатите кои ќе сакаат да дојдат до возачка дозвола и ќе уплатат часови пред овој датум ќе платат по стара цена, 20.000 денари, цена која горе долу варира зависно од авто школата која ќе ја одберете. Причината за ваквото поскапување е покачувањето на цените на основните ресури за работа во оваа дејност, односно покачување на горивата од 48%,  известуваат дел од авто школите.

Освен часовите кои ги зема секој кандидат пред да полага тестови, а потоа и полигон и градска, автошколите најавуваат и поскапување на услугите како што се земање на дополнителен час, па така наместо досегашните 500 денари кои кандидатите ги плаќаа со поскапувањето се очекува оваа цена да се движи од 600 до 750 денари за школски час од 45 минути. Поскапување се очекува и за користењето на возило од авто школата, стара цена на оваа услуга беше 700 денари, потоа се покачи на 800 денари, додека во дел од авто школите за истата услуга се наплаќа и 1000 денари, а со новото поскапување се очекува да достигне до 1200 денари.

Авто школите пакетот од земање часови, како и теоретска настава засега го наплатуваат околу 19.400 денари, додека некои авто школи претежно оние од помалите градови веќе почнаа да работат по нова цена од 25.000 денари за Б категорија, иако во Скопје сеуште за оваа услуга се наплаќа по стара цена, дел веќе и ја зголемуваат истата, а во писмена форма бараат до Владата да се покачи цената на 26.000 денари со што преку официјално соопштение до граѓаните веќе ќе биде јасно дека и услугите од оваа дејност се зголемиле во сите авто школи без исклучок.Цените за тестови, полигон како и полагање на градско возење остануваат непроменети.

Промовирани огласи »

Од Агенцијата за вработување информираат дека дел од услугите во надлежност на АВРСМ може да ги добиете по електронски пат на Националниот портал за Е- услуги.

Поточно, потврда за евидентирано невработено лице може да се добие и со онлајн аплицирање.

Потврда за евидентирано невработено лице, на лично барање, може да добие секое лице по електронски пат, кое е воведено во регистарот на невработени лица кои активно бараат работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »