Промовирани огласи »

Од Агенцијата за вработување информираат дека дел од услугите во надлежност на АВРСМ може да ги добиете по електронски пат на Националниот портал за Е- услуги.

Поточно, потврда за евидентирано невработено лице може да се добие и со онлајн аплицирање.

Потврда за евидентирано невработено лице, на лично барање, може да добие секое лице по електронски пат, кое е воведено во регистарот на невработени лица кои активно бараат работа.

Промовирани огласи »

Не секој може да ја избере најдобрата работна понуда. Затоа, доколку имате повеќе понуди за разгледување бидете смирени и насмејте се. Тоа значи дека сте барани и дека вашето искуство е потребно. Најдобар начин да ја изберете најдобрата понуда за работа е прво да ги видете вашите приоритети и да одлучите што точно барате, дали голема плата, добар углед на компанијата или луѓето со кои ќе работите.

За да ви бидат полесни работите, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да го изберете најдоброто меѓу многуте понуди за работа:

  1. Дознајте повеќе за компанијата.
    Сигурно веќе  сте истражувањувале за компанијата пред да присуствувате на интервјуто. Прочитајте повеќе за компанијата. Во денешно време повеќето од фирмите имаат свои веб-страници кои имаат детални информации за нивното минато, сегашност и иднина. Разгледајте ги различните аспекти на компанијата и ако имате конкретни прашања за компанијата, обидете се да ги најдете.
     
  2. Разгледајте добро како изгледа канцеларијата.
    Сигурно канцеларијата ви оставила некој впечаток кога прв пат отидовте таму на интервју.  Дали имаше доволно дисциплина и дали чувствувавте дека луѓето таму работат страсно и ентузијастички? Затворете ги очите и замислете дека работите во таа канцеларија. Ако ви се допаѓа она што го визуелизирате, тогаш можеби тоа е работата за вас.
     
  3. Споредете ги поволностите и платите.
    Компаниите функционират поинаку кога станува збор за платата и другите поволности. Проучете ја внимателно понудата и видете какви поволности и придобивки ги нуди секоја компанија. Погледнете ги сите дополнителни бенефиции што можеби ги даваат. Ваквата споредба е корисна при изборот на најдобрата понуда за работа.
     
  4. Балансот помеѓу работата и приватниот животот.
    Најважниот аспект на една компанија е балансот помеѓу работата и приватниот животот што го нуди. Работа која е стресна и не ви дозволува да посветувате време на семејството и најблиските не вреди да ја прифатете дури и ако ќе заработувате повеќе. Можеби ќе сакате да прифатете таква работа поради платата, но со текот на времето ќе се чувствувате стресно што можеби ќе после тоа ќе размислувате за отказ.

Промовирани огласи »

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 29 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.

Неуромедика има потреба од нов дополнителен кадар.

Отворени се 5 места од повеќе области и тоа:

Промовирани огласи »

Активното барање на работа започнува со одлуката дека сакаме да работиме! Неопходно е да се најде одредено време во текот на денот или неделата во кое ќе се посветиме максимално на огласите во кои се нудат работните места.Погледнете колку многу работни места чекаат на вашата апликација преку КАРИЕРА.МК !  Кое работно место е најдобаро?  Еве неколку наши предлози на компании кои ќе ви помогнат во изборот.

PANDORA еден од најголемите светски брендови за накит, која дизајнира, произведува и продава рачно доработен и современ накит од високо квалитетни материјали по достапни цени. Токму оваа компанија нуди можност за вработување на позиција ПРОДАВАЧ/КА во Скопје.

СЕТЕК сé од техника компанија лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени. Истите се во потрага по МОНТЕР НА КЛИМИ МУЛТИСПЛИТ СИСТЕМ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ

Толлакс ДОО Скопје  во своето портфолио со продажни објекти М1 Киоск распоредени во централно градско подрачје, има потреба од ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ во  Капиштец , East Gate Mall и Центар.

Mellon Solutions  подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од: Телефонски оператори.

COMPASS MANAGEMENT INTERNATIONAL член на Компас Холдинг ДОО, Чикаго, Илиноис, САД, компанија посветена на услугата на камионската индустрија. Од купување камион до негово осигурување, закуп на приколки до факторинг. Доколку сакате да се придружите на врвниот тим можете да аплицирате за отворените позиции: CUSTOMER SUPPORT REPRESENTATIVE  и  ACCOUNTS PAYABLE SPECIALIST

Софтверската компанија  Open Gi  вработува  SOFTWARE ENGINEER и AGILE BUSINESS ANALYST

Меѓународен малопродажен ланец кој продава "сè за дома", JYSK Macedonia, после долгогодишно постоење на пазарот и веќе напишана успешна приказна, JYSK ја продолжува својата мисија со отварање на нова продавница и четврта по ред во најголемиот мол во Македонија, East Gate. Во моментот вработуваат АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Vox Teneo е основан во 2002 година за да им служи на ИТ потребите на главните клиенти во Белгија и Франција. Денес Vox Teneo е акционер во повеќе дигитални производи кои ја олеснуваат работата на адвокатите, музичарите, агентите за недвижности, модните ентузијасти, па дури и менаџерите на крематориумите. Во наредниот период активно вработува следните позиции:

SCRUM MASTER

FRONT-END DEVELOPER 

INTERN .NET -

SENIOR PHP DEVELOPER 

JUNIOR .NET DEVELOPER 

MID .NET DEVELOPER

Сите останати активни огласи, можете да ги погледнете на kariera.mk 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »