За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.
Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:
Телефонски оператори
[реф. бр. 2021-021]
Профил на работната позиција:
- Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку влезни и излезни повици;
- Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје и обезбедување на услуга за грижа за корисници;
- Високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.
Профил на кандидатот:
- Завршено минимум средно образование (техничко образование ќе се смета за предност);
- Основно познавање на MS Office;
- Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
- Познавање на албански јазик;
- Општи познавања од областа на техничката опрема, телефони, искуство во техничка поддршка и сл. ќе се сметаат за предност.
Услови:
- Полно работно време;
- Право на бонус согласно постигнати резултати.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com
најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.
Мелон Солушнс Дооел
ул. Рузвелтова, бр.19,
1000 Скопје
Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.
Слични огласи »