Промовирани огласи »

Дел од авто школите веќе ги поскапеа цените за услугите кои тие ги нудат, додека дел работат сеуште по стари цени, но не уште долго. Имено, од 01.12.2021 година цената на обуката ќе се покачи за 30%, односно кандидатите кои ќе сакаат да дојдат до возачка дозвола и ќе уплатат часови пред овој датум ќе платат по стара цена, 20.000 денари, цена која горе долу варира зависно од авто школата која ќе ја одберете. Причината за ваквото поскапување е покачувањето на цените на основните ресури за работа во оваа дејност, односно покачување на горивата од 48%,  известуваат дел од авто школите.

Освен часовите кои ги зема секој кандидат пред да полага тестови, а потоа и полигон и градска, автошколите најавуваат и поскапување на услугите како што се земање на дополнителен час, па така наместо досегашните 500 денари кои кандидатите ги плаќаа со поскапувањето се очекува оваа цена да се движи од 600 до 750 денари за школски час од 45 минути. Поскапување се очекува и за користењето на возило од авто школата, стара цена на оваа услуга беше 700 денари, потоа се покачи на 800 денари, додека во дел од авто школите за истата услуга се наплаќа и 1000 денари, а со новото поскапување се очекува да достигне до 1200 денари.

Авто школите пакетот од земање часови, како и теоретска настава засега го наплатуваат околу 19.400 денари, додека некои авто школи претежно оние од помалите градови веќе почнаа да работат по нова цена од 25.000 денари за Б категорија, иако во Скопје сеуште за оваа услуга се наплаќа по стара цена, дел веќе и ја зголемуваат истата, а во писмена форма бараат до Владата да се покачи цената на 26.000 денари со што преку официјално соопштение до граѓаните веќе ќе биде јасно дека и услугите од оваа дејност се зголемиле во сите авто школи без исклучок.Цените за тестови, полигон како и полагање на градско возење остануваат непроменети.

Промовирани огласи »

Од Агенцијата за вработување информираат дека дел од услугите во надлежност на АВРСМ може да ги добиете по електронски пат на Националниот портал за Е- услуги.

Поточно, потврда за евидентирано невработено лице може да се добие и со онлајн аплицирање.

Потврда за евидентирано невработено лице, на лично барање, може да добие секое лице по електронски пат, кое е воведено во регистарот на невработени лица кои активно бараат работа.

Промовирани огласи »

Не секој може да ја избере најдобрата работна понуда. Затоа, доколку имате повеќе понуди за разгледување бидете смирени и насмејте се. Тоа значи дека сте барани и дека вашето искуство е потребно. Најдобар начин да ја изберете најдобрата понуда за работа е прво да ги видете вашите приоритети и да одлучите што точно барате, дали голема плата, добар углед на компанијата или луѓето со кои ќе работите.

За да ви бидат полесни работите, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да го изберете најдоброто меѓу многуте понуди за работа:

  1. Дознајте повеќе за компанијата.
    Сигурно веќе  сте истражувањувале за компанијата пред да присуствувате на интервјуто. Прочитајте повеќе за компанијата. Во денешно време повеќето од фирмите имаат свои веб-страници кои имаат детални информации за нивното минато, сегашност и иднина. Разгледајте ги различните аспекти на компанијата и ако имате конкретни прашања за компанијата, обидете се да ги најдете.
     
  2. Разгледајте добро како изгледа канцеларијата.
    Сигурно канцеларијата ви оставила некој впечаток кога прв пат отидовте таму на интервју.  Дали имаше доволно дисциплина и дали чувствувавте дека луѓето таму работат страсно и ентузијастички? Затворете ги очите и замислете дека работите во таа канцеларија. Ако ви се допаѓа она што го визуелизирате, тогаш можеби тоа е работата за вас.
     
  3. Споредете ги поволностите и платите.
    Компаниите функционират поинаку кога станува збор за платата и другите поволности. Проучете ја внимателно понудата и видете какви поволности и придобивки ги нуди секоја компанија. Погледнете ги сите дополнителни бенефиции што можеби ги даваат. Ваквата споредба е корисна при изборот на најдобрата понуда за работа.
     
  4. Балансот помеѓу работата и приватниот животот.
    Најважниот аспект на една компанија е балансот помеѓу работата и приватниот животот што го нуди. Работа која е стресна и не ви дозволува да посветувате време на семејството и најблиските не вреди да ја прифатете дури и ако ќе заработувате повеќе. Можеби ќе сакате да прифатете таква работа поради платата, но со текот на времето ќе се чувствувате стресно што можеби ќе после тоа ќе размислувате за отказ.

Промовирани огласи »

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 29 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.

Неуромедика има потреба од нов дополнителен кадар.

Отворени се 5 места од повеќе области и тоа:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »