Промовирани огласи »

За илјадници вработени во светската IBM, можноста да работат од дома е клучна предност од нивната работа. Но, компанијата во петокот изјави дека дојде крај на можноста за работа од дома за сите вработени.

Технолошкиот гигант беше еден од првите кој им дозволи на своите вработен да работат од дома, и воедно беа објавени и големи заштедувања токму од оваа услуга која им ја даваат на вработените во компанијата низ светот а со тоа и зголемена продуктивност и високо растечки резултати. Околу 40% од речиси 400.000 вработени низ целиот свет не работат од канцеларија, изјави компанијата во 2007 година

Но, компанијата оддеднаш ја промени политиката на работење, и многу од своите вработени ќе мора да се вратат во своите канцеларии.

Во многу области, како што се развој на софтвер и дигитален маркетинг,  природата на работата се менува, и истата бара нови начини на работа, се вели во соопштението од компанијата.

IBM, одби да каже колку вработени ќе мора да се вратат во канцеларија, меѓутоа потврдија дека мал број сеуште ќе можат да работат од дома.

Повеќето од вработените од кои беше побарано да се вратат во своите канцеларии се согласија а оние кои не се согласија на пормените за жал ќе мора да ги изгубат своите работни места.

Помеѓу 1995 и 2008 година, компанијата соопшти дека го намали своите канцелариски простор и од просторот кој го продаде доби $1,9 милијарди.

Промовирани огласи »

Компанија во Бугарија изнајмува човек за позиција „експерт за сон“. 

Ваков предлог за работа се појави овие денови во земјата. Бугарска компанија изнајмува човек за една од најпосакуваните професии во целиот свет  „експерт за сон". Тој ќе има задача да тестира и оценува различни душеци понудени од фирмата, а платата е 2000 лева.  Службеникот ќе оценува душеци преку снимено видео, во кои го опишува секој модел.

Секоја вечер тој ќе спие на различен душек, кој ќе биде доставен во неговиот дом во текот на денот. Неговата задача е да даде сеопфатни информации за карактеристиките на производот и за квалитетот на сонот, што тој го обезбедува. Видеопрезентацијата пак може да биде снимена со обичен смартфон.

Избраниот за позицијата ќе мине еднонеделна обука, за време на која ќе добие детални информации за душеци, за да стане професионален проценител.

Сосема очекувано, интересот за позицијата е висок. Само во првите 24 часа од објавувањето на огласот се јавиле околу 30 кандидати. Единствениот недостаток на предлогот е дека работата не е постојана, туку само за два месеци. 

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

KARIERA.mk е горда на успешните приказни на нашите апликанти.

Споделуваме кратка изјава од девојка која со помош на нашиот сајт го пронајде своето работно место во изминатиот период.

KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија.

Ние нудиме преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе им помогне на многу млади луѓе да напредуваат во својот професионален развој. 

Како студент на студиите по новинарство на Правниот факултет Јустинијан I имав можност да бидам дел од неколку пракси преку што можев од прва рака да почуствувам колку практичната работа и обуките во областа што ја имав изберено за своја професија се важни.

Со таа цел, почнав поинтензивно да барам пракси и обуки во мојата област . Пребарувајќи по сајтовите го открив и Вашиот сајт KARIERA.MK . Истовремено видов понуда на Групер за обука на тема - Како да најдам работа во Македонија, што ја организиравте како сајт. Ми зазвуче прилично интересно, и дојдов на обуката каде беше презентирано како да создадеме добра биографија и да се претставиме себеси во најдобро светло на интервјуто за работа.

По обуката ја корегирав својата биографија и преку профилот што го имам на KARIERA.mk аплицирав за неколку работни позиции, повеќето вон новинарството. Една вечер ми излезе оглас за работа во новинарската агенција Макфакс и решив да се пријавам. Испратив мое cv и пo неколку дена бев повикана на разговор за работа за да набрзо после тоа станам дел од тимот на Макфакс.

Според мене Вашиот сајт создава одличен спој затоа што освен понуди за работа нуди и пракси и обуки со кои можеме да ја збогатиме нашата биографија.

Ви благодарам од се срце!

Елена Максимова

Промовирани огласи »

Милиони луѓе работат во огромни канцеларии од отворен план, каде се што прават е видливо за сите други. Зошто е тоа тоа така? И колку убаво се чувствуваат вработените во таков простор?

Редакција на БиБиСи сме ја виделе на барем еден портал каде што се зборува за најмодернте канцеларии во светот.

Канцелариите им се од отворен план, бироата наредени во редици , море од луѓе, и сите погледи им се вперени во нивните екрани, фокусирани на ова што го работат. Дури, има и точно одредена патека по која еден вработен може да оди до тоалет без да им смета на колегите, не смее да се носи облека во јаки бои итн.

Тоа некако изгледа многу различно од нормалните канцелaрии каде работат 5-6 луѓе. Во таквите канцеларии има однос меѓу вработените, тие освеn на бизнис план се зближуваат и приватно и се градат незамисливи врски.

Во Британија во 19тиот век сите канцеларии биле во темни подруми заради штедење на простор, а многу од вработените имале вртоглавици или главоболки попладнето.

Кон крајот на 19тиот век, започнува појавата на огромните бизнис канцеалaрии без прегради каде се губи целата интимност на работењето и зближувањето на луѓето. Всушност, доаѓа до израз и моќта. Оние кои имаат повисока позиција во компанијата за првпат се издвоени со свои посебни кацеларии.

Првата огромна канцеларија од отворен план била изградена во 1906 година во Њу Јорк - Larkin Administration Building, имала голема површина и само неколку зидови.

Најголема придобивка од ваквиот тип на канцеларија имале менаџерите, сега сите вработени им биле на око и лесно можеле да надгледуват кој што работи.

Исто така меѓусебните разговори биле сведени на минимум и фокусот се зголемил за неколкупати. Моќта ја изразувале со местото на своето биро. Колку повисока позиција толку поблиску до прозорите и подобар поглед на улиците на Њу Јорк.

Во 60тите години од минатиот век во Германија за првапт се појавува поимот - канцелариско уредување. Тогаш за прв пат во европа се делат вработените по сектори, некои оддели биле многу гласни а некои сосема тивки во зависност од тоа каква работа извршувале вработените во одделот.

Во меѓувреме во Америка пак, еден од дизајнерите на кацелариското уредување кој навистина се залагал за поставеност на бироата и функцијата на истите направил кратко истражување и дошол до неочекувани резултати.

Многу од вработените изјавиле дека понекогаш навистина им пречи поминувањето на толку многу колеги околу нив и дека ги дефокусира поздравувањето со секој кој ќе помине до нивното биро. Токму тогаш биле измислени параваните, кои ги издвојувале вработените во свој простор од колегата до нив иако се наоѓале во иста просторија.

Во Македонија, компаниите имаат различни гледишта за ефективноста на вработените и поставеноста на бироата во работниот простор. Сепак во последно време се повеќе компании се решаваат за канцеларии од отворен тип за кои главната причина за нивно форсирање во модерниот свет е дека се пофтина варијатна на проектирање на една канцеларија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »