Промовирани огласи »

По деветте титули светски првак, 115-те победи на трките и 432 гранпри-старта, Италијанецот Валентино Роси (42), еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, најдобриот во неговата генерација, на вчерашната трка за големата награда (ГН) на Валенсија ѝ стави крај на блескавата кариера, пишува „Би-би-си“. Во минатите 26 години, Роси, познат и под прекарот Доктор, стана глобален феномен, надминувајќи го самиот спорт, добивајќи култен статус кај љубителите на мотоспортот низ светот.
– Тој го промени спортот и го донесе на места каде што никогаш порано не бил. Без сомнение, никогаш немало некој како Валентино Роси во 73-те години гранпри-трки – вели коментаторот на Мото ГП-трките, Ник Харис.

За многумина, Роси е еден од великаните на тркачкиот спорт, во друштво на Михаел Шумахер, Аиртон Сена, Џакомо Агостини, Мајк Хеилвуд и Мик Дуан.

Промовирани огласи »

Од 15 но­ем­ври за­дол­жи­тел­но е по­се­ду­ва­ње­то зим­ска оп­ре­ма во ав­то­мо­би­ли­те, пра­ви­ло што ќе мо­ра да се при­ме­ну­ва до 15 март, без раз­ли­ка да­ли над­во­реш­на­та тем­пе­ра­ту­ра е под или над ну­ла­та, да­ли има снег или не, а ако ја не­ма­те, следува казна.
 


Во овој дел од го­ди­на­та стан­дар­дна оп­ре­ма во ав­то­мо­би­ли­те тре­ба да ви би­де гре­бал­ка за мраз, зим­ски гу­ми или син­џи­ри, ма­ла мет­лич­ка. Но не за­бо­ра­вај­те да про­ве­ри­те да­ли има­те ста­ве­но ан­тиф­риз во во­зи­ло­то, про­ве­ре­те ги ни­во­то на мас­ло, аку­му­ла­то­рот, ис­прс­кај­те во бра­ви­те за от­во­ра­ње мал­ку спреј за одвртување WD или на­мок­ре­те ги клу­че­ви­те мал­ку во ан­тиф­риз, па ста­ве­те ги внат­ре. Та­ка ќе се ос­ло­бо­ди­те од гри­жи­те за мож­но за­мрз­ну­ва­ње. Се­пак, нај­важ­но е прет­паз­ли­во во­зе­ње заш­то не рет­ко мо­же да би­дат па­тиш­та­та за­мрз­на­ти и лиз­га­ви.

Промовирани огласи »

Италијанскиот производител е секогаш подготвен да ја исполни секоја желба на богатите клиенти и многу добро да им наплати. Овој уникатен автомобил ја носи ознаката „BR20“, а се базира на серискиот модел „GTC4 Lusso“ од сегашната гама на „Ferrari“, но со значително изменет дизајн.

Идејата била враќање во минатото и потсетување на славните „GT“ модели со средината на минатиот век.

„Ferrari BR20“ располага со удобна кабина и „V12“ мотор сместен напред, а посебно се издвојува задниот дел на автомобилот со традиционалните кружни стоп светла.
 

„Ferrari“ ги отстрани задните седишта од серискиот автомобил и на тој начин му овозможи на сопственикот да има солиден багажен простор.

Како и остатокот од кабината, багажникот е обложен со квалитетна кожа и елементи од дрво и карбон.

Техничките детали не се официјално објавени, но спецификациите би требало да бидат исти како кај„ Ferrari GTC4 Lusso“, што значи дека автомобилот ја добива силата од „V12“ моторот со 690 КС.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче најавува нови рестриктивни мерки.

Филипче вели дека истите ќе се однесуваат на неим*низираните лица.

Во текот на следнава недела ќе дискутираме и за други евентуално дополнителни рестриктивни мерки кои што прво ќе се однесуваат на неим*низираните граѓани, имајќи во предвид дека сега најголем терет во болничкиот систем се неим*низораните пациенти или да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени дози, односно целосна им*низација и за други места, настани, вели Филипче во изјава за Канал 5.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »