Промовирани огласи »

Италијанскиот производител е секогаш подготвен да ја исполни секоја желба на богатите клиенти и многу добро да им наплати. Овој уникатен автомобил ја носи ознаката „BR20“, а се базира на серискиот модел „GTC4 Lusso“ од сегашната гама на „Ferrari“, но со значително изменет дизајн.

Идејата била враќање во минатото и потсетување на славните „GT“ модели со средината на минатиот век.

„Ferrari BR20“ располага со удобна кабина и „V12“ мотор сместен напред, а посебно се издвојува задниот дел на автомобилот со традиционалните кружни стоп светла.
 

„Ferrari“ ги отстрани задните седишта од серискиот автомобил и на тој начин му овозможи на сопственикот да има солиден багажен простор.

Како и остатокот од кабината, багажникот е обложен со квалитетна кожа и елементи од дрво и карбон.

Техничките детали не се официјално објавени, но спецификациите би требало да бидат исти како кај„ Ferrari GTC4 Lusso“, што значи дека автомобилот ја добива силата од „V12“ моторот со 690 КС.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче најавува нови рестриктивни мерки.

Филипче вели дека истите ќе се однесуваат на неим*низираните лица.

Во текот на следнава недела ќе дискутираме и за други евентуално дополнителни рестриктивни мерки кои што прво ќе се однесуваат на неим*низираните граѓани, имајќи во предвид дека сега најголем терет во болничкиот систем се неим*низораните пациенти или да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени дози, односно целосна им*низација и за други места, настани, вели Филипче во изјава за Канал 5.

Промовирани огласи »

Од утре за влез во угостителски објекти, молови и настани ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Досега како потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, се сметаше примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19.

Од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, се сметаат примени две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, соопштија од владината прес-служба.

Промовирани огласи »

Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, најавува дека со новиот Закон за работни односи ќе се намали времето на можноста за вработување на определено време.

Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира сигурна работна сила и за следната сезона и породилно отсуство чиј концепт го менуваме и воведуваме родителско отсуство и за татковците, објави Шахпаска на својот Фејсбук профил.

Министерката прво очекува експертската јавност да го даде своето мислење на јавната расправа за овој Закон. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »