Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека електричната енергија во иднина ќе биде поскапа затоа што ќе се произведува во услови на еколошки чиста животна средина. Производството од фосилни горива, кои се повеќе недостасуваат во Македонија, е поевтина варијанта, според владиниот функционер, но тоа наедно значи големо загадување.

Овде за прв пат можам да кажам дека сум целосно незадоволен, но тоа е резултат на лошото менаџирање во последните 20 години на енергетскиот сектор. Сите ние во наредните години ќе ја плаќаме цената на тоа лошо менаџирање. Не може енергетскиот сектор никаде да се подобри во две години. За да отворите нов производствен капацитет ви се потребни две до три години, рече Битиќи.

Тој додаде дека инвестирањето во обновливи извори на енергија ќе ја надополни загубата, но цената ќе биде поскапа, односно струјата ќе биде скап ресурс.

Јагленот веќе ќе го нема. Ова ни се случува затоа што го немаме јагленот, или ако го имаме, тоа се многу понизот квалитет за производство, додаде вицепремиерот.

  

Промовирани огласи »

МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата од денеска почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со продажен салон во Скопје со понуда за сателитска телевизија. Амбициите на групацијата, како што најави раководството, е од следната година да нудат и телекомуникациски услуги и дигитални сервиси.

Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лукиќ најави новини и пресврт на телекомуникацскиот пазар во државава.

По првиот сервис со којшто ќе стартуваме – сателитска телевизија, од следната година планираме да се прошириме и во сегментот на мобилната телефонија, рече Лукиќ на прес-конференција.

Компанијата веќе обезбедуваат услуги за повеќе од 11 милиони претплатници во регионот и Европа.

Македонија во однос на телекомуникациите е исклучително напредната и на отворањето на подружницата на Телеком Србија гледаме како предизвик во којшто ќе го вложиме искуството и знаењето стекнати преку нашите делови активности во Србија, БиХ и Црна Гора, посочи Лукиќ.

Марко Лопичиќ, извршен директор на МТЕЛ, потенцираше дека стартуваат со понуда за врвна сателитска телевизија, а на љубителите на добрата телевизиска програма, како што рече, им нудат најдобар избор на телевизиски канали и ексклузивна содржина.

Понудата е внимателно избрана и класифицирана во три исклучително поволни пакети кои вклучуваат повеќе од 150 канали. Уверени сме дека таквата понуда која што ги содржи најквалитетните спортски содржини на каналите Арена Спорт, потоа врвни филмски и сериски програми на Супер Стар каналите, понуда на сите македонски национални телевизии, Пинк каналите, како и одличен избор на документарни, музички и детски канали ќе прерасне во омилен телевизиски избор на граѓаните во Македонија, реќе Лопичиќ.

МТЕЛ регистрираше фирма во државава  во јули годинава. Во наредниот период се очекува да официјализираат како ќе ги реализираат плановите за влез во мобилната телефонија, каде сега нудат услуги пет субјекти: А1 Македонија Скопје, со 49,78 проценти од  претплатниците, Македонски Телеком АД Скопје, со 47,25 проценти, Лајкамобајл – 1,76 проценти, Роби – Штип 1,19 проценти, како и Греен Мобиле – Прилеп 0,02 проценти. 

Промовирани огласи »

Вакцината на „Фајзер – Бионтек“ го произведе најсилниот имунолошки одговор на телото против Ковид-19 од четири вакцини тестирани во студија објавена во списанието „Cell Host and Microbe“.

Според ова истражување, луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на Ковид.

Истражувачите го споредија имунолошкиот одговор на телото кај луѓе вакцинирани со „Фајзер“, „Астразенека“, „Спутник“ и „Синофарм“, а студијата беше спроведена во јули на 196 целосно вакцинирани лица во Монголија, каде што се користеа сите четири типа вакцини, што е ретко.

Нивоата на неутрализирачки антитела варираат во голема мера во секоја од четирите групи вакцини.

Релативно ниски концентрации на антитела се развиле со вакцинација со „Синофарм“ и „Спутник“, умерени нивоа на антитела развиле оние кои биле вакцинирани со „Астразенека“, а најмногу оние со „Фајзер“.

Промовирани огласи »

Додека повеќето со нетрпение го очекуваат проектот за бесплатен јавен превоз, има и такви кои не се израдуваа на оваа предизборна најава на сега веќе актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. 

Авто-такси превозниците велат дека бесплатниот автобуски превоз кој го ветува Арсовскa, ќе ги остави без работа.

Велат дека 2.700 таксисти и плус стотина диспечерки и диспечери се засегнати од проектот со кој граѓаните во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници ќе можат да се возат бесплатно.

Кој ќе се вози со такси ако автобусите се бесплатни?  Со овој проект кој го најавува градоначалничката Арсовска целосно ќе се уништи такси бизнисот. Ние имаме купено нови возила и сега како ќе ги враќаме кредитите. Ако се воведе бесплатен автобуски преовоз ние ќе бараме да ни ги исплати кредитите. Ќе го блокираме седиштето на Град Скопје и ќе протестираме, вели Абдула Рушити, претседател на Асоцијацијата на авто-такси превознци во изјава за порталот СДК.мк. 

Арсовска, пак, во предизборната кампања оствари среда со Асоцијацијата на легални такси превозници на која тогаш порача дека ќе го реши проблемот со нелегалните диви превозници, со цел да се спречи нелегалната конкуренција и сивата економија и дека мора да се постават такси станици на фрекфентни точки во градот. На тогашната средба Арсовска посочи дека ќе соработува и ќе ги поддржува такци-превознивите, со цел ред со такси превозот во градот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »