За илјадници вработени во светската IBM, можноста да работат од дома е клучна предност од нивната работа. Но, компанијата во петокот изјави дека дојде крај на можноста за работа од дома за сите вработени.
Технолошкиот гигант беше еден од првите кој им дозволи на своите вработен да работат од дома, и воедно беа објавени и големи заштедувања токму од оваа услуга која им ја даваат на вработените во компанијата низ светот а со тоа и зголемена продуктивност и високо растечки резултати. Околу 40% од речиси 400.000 вработени низ целиот свет не работат од канцеларија, изјави компанијата во 2007 година
Но, компанијата оддеднаш ја промени политиката на работење, и многу од своите вработени ќе мора да се вратат во своите канцеларии.
Во многу области, како што се развој на софтвер и дигитален маркетинг, природата на работата се менува, и истата бара нови начини на работа, се вели во соопштението од компанијата.
IBM, одби да каже колку вработени ќе мора да се вратат во канцеларија, меѓутоа потврдија дека мал број сеуште ќе можат да работат од дома.
Повеќето од вработените од кои беше побарано да се вратат во своите канцеларии се согласија а оние кои не се согласија на пормените за жал ќе мора да ги изгубат своите работни места.
Помеѓу 1995 и 2008 година, компанијата соопшти дека го намали своите канцелариски простор и од просторот кој го продаде доби $1,9 милијарди.