Веб-магазинот Victoria Milan спроведе анкета над повеќе од 5.000 луѓе за да види колкава е веројатноста за изневерување на партнерот во зависност од професијата.
Во самиот врв се наоѓаат банкарите и вработените во берзите, додека веднаш зад нив се вработените во авиоиндустријата како пилотите и стјуардесите. На трето место се медицинските сестри и лекарите.
Анкетите покажуваат дека две од три неверни жени, своите вонбрачни сексуални активности ги спроведуваат на работа, иако голем дел од нив не препорачуваат мешање на работата и задоволството.
Сепак, работното место е локација за најлесно запознавање, со најмногу заедничко време и место каде изневерувањето лесно може да се сокрие.
Оние што не препорачуваат љубовна афера на работното место посочуваат на еден многу голем проблем - со љубовникот ќе мора да се соочувате секој ден, без оглед на тоа дали аферата била успешна или не.
Мал дел од нив сметаат дека гласините за тајна врска можат да предизвикаат проблеми, додека само 10 проценти сметаат дека неверството може да ја загрози кариерата.
Десет професии со најголем број на афери:
1. Финансии (банкари, брокери, аналитичари)
2. Пилоти и стјуардеси
3. Здравство (лекари и медицински сестри)
4. Водечки позиции (директори, менаџери)
5. Спортисти (атлетичари, спортски или фитнес инструктори)
6. Уметност (музичари, модели, актери)
7. Пејачи, диџеи, танчерки
8. Правници (адвокати, судии, обвинители)
9. Комуникации (новинари, односи со јавност)
10. Други сектори