Промовирани огласи »

Објавувај бесплатно НЕДВИЖНОСТИ, ВОЗИЛА и се што вреди да се објави! Со тоа учествуваш во големата наградна игра на KARIERA.mk и ќе имаш можност да добиеш билети за спа, театар, кино или еден од мобилните телефони!

Извлекувањето ќе биде јавно со стрим на Instagram и Facebook секој работен ден во 12ч. Се гледаме!

Промовирани огласи »

Microsoft го збогати Windows 11 со нови emoji
 

Станува збор за надградба што решава неколку проблеми со багови, но носи и нови емотикони објавени претходно оваа година. Иако се работи за целосно нов стил, сепак не станува збор за 3D изгледот што Microsoft претходно го вети, туку е понуден 2D изглед.

Новите емотикони подразбираат враќање на Clippy, бидејќи Microsoft го замени стандардниот клип за хартија со знакот Clippy. Емотиконите се редизајнирани за да имаат светли и заситени бои, но немаат 3D ефект со кој би се истакнувале.

Сè уште не е познато дали некогаш ќе ги видиме импресивните 3D емотикони во Windows 11, што Microsoft ги најави претходно оваа година. Недостигот на 3D формат може да биде поврзан со техничките ограничувања на форматот на Micoroft на фонтот во боја, што компанијата го користи за прикажување емотикони во Windows.

Apple користи битмапи за прикажување на своите емотикони, а Microsoft користи векторски формат кој е многу поскалабилен и има предности во големината на фајлот, доколку емотиконите се порамни.

Промовирани огласи »

Еден кинески државен комитет изработи листа на американска и странска технологија што државата треба да ја замени со сопствена и од сопствено производство, и тоа опфаќа сè од облак системи до микрочипови.
 


 

Работниот комитет за апликација на иновации во информациската технологија, добил задача од Пекинг да изработи збир на стандарди и да обучи персонал за работа со софтвер на кој му веруваат.

Планот на кој тие работат и го спроведуваат, предвидува тие да изберат од списокот проверени добавувачи и од нив да обезбедат технологија за чувствителни сектори од банкарство до дата центри кои чуваат државни податоци, пазар кој се проценува дека ќе вреди 125 милијарди долари до 2025.

До сега комитетот има пуштено покана до 1.800 кинески снабдувачи на компјутери, чипови, мрежна технологија и софтвер, а од пријавените стотици компании се сертифицирани како членови на комитетот.

За сега се знае дека секоја компанија која има повеќе од 25% странски капитал нема да биде сертифицирана од комитетот, а и за кинеските компании кои се излезени на странски берзи ќе има повисоки услови за пристапување.

Првата намера на планот е кинеската држава целосно да се потпира на сопствена технологија за сите ИТ потреби. Со ова значително ја унапредува својата безбедност, повеќе не зависи од странски добавувачи и од странски влади дали ќе воведат санкции или што и да по нивен мерак. Втората цел што се постигнува е значителен стимул на сопствената технолошка индустрија да постигне целосна само-доволност за најразлични компоненти кои не се произведуваат во Кина и на тој начин да избегнат санкции како оние што беа воведени од Трамп против Хуавеи.

Промовирани огласи »

Стив Хемерстофер на својот twitter профил објави слики за претстојниот смартфон Google Pixel 6A кои го откриваат неговиот изглед.

Pixel 6A припаѓа на серијата Pixel A со пристапна цена, изгледа идентично како и стандардниот Pixel 6 - на задната страна има две камери, напред има селфи камера, USB-C влез.

Според она што може да се види на рендерите, сензорот за отпечаток за прст е сместен под екранот, исто како и кај моделите Pixel 6 и Pixel 6 Pro.  Pixel 6A ќе биде првиот смартфон од среден ранг кој нема да има влез за слушалки. Смартфонот ќе биде со димензии 152,2x71,8 мм и 6,2-инчен екран. Засега не е познато кога ќе се појави Pixel 6A на пазарот, а Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе пристигнат наредниот месец.

Повеќе