Автоматските клима-уреди со систем Air Care во моделите на Škoda се делотворни во намалувањето на загаденоста на воздухот во кабината на возилото со честички PM и полен.

Системот Climatronic Air Care располага со сензор што мери дали воздухот е загаден со штетни материи и автоматски префрлува на кружење на воздухот во кабината, без доток на надворешен воздух. Вградениот систем за квалитет на воздух AQS (Air Quality System) со автоматска рециркулација придонесува во голема мера за здравјето на патниците и прави престојот во возилото да биде попријатен, посебно при возење во градски метеж, но и при патување. Škoda ги вградува клима уредите со оваа функција во своите модели Enyaq iV, Karoq, Kodiaq, Octavia и Superb.
Делотворниот филтер на системот Air Care постојано го пречистува воздухот во кабината. На тој начин во голема мера се впиваат честичките, поленот и непријатните миризби, односно патниците во возилото се поштедуваат од нивното штетно или непријатно влијание.
Воздухот што струи низ кабината постојано се спроведува низ филтерскиот систем и темелно се чисти. Филтрите за честички, со активен јаглен и за алергени ги впива честичките, чадот и поленот, и ги потиснува и непријатните миризби. Climatronic со функција Air Care се вградува сериски во моделите на Škoda од повисоките класи или е достапен како опција.
Во некои модели, системот AQS располага со дополнителен сензор за штетни материи, што ги впива гасните нечистотии, како јаглеводороди, азотни оксиди или сулфурен диоксид. При зголемена концентрација на овие гасови во кабината, автоматски се прекинува дотокот на свеж воздух и системот привремено префрлува на рециркулација. Кога воздухот е чист, автоматски се отвора дотокот на звеж воздух. Системот Air Care со функција AQS со филтер за штетни материи е достапен за моделите Enyaq iV, Karoq, Kodiaq, Octavia и Superb.