Промовирани огласи »

OnePlus 10 Pro ќе има 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран со освежување од 120 Hz, процесор Snapdragon 8 Gen1 на Qualcomm, 8 или 12GB RAM и 128 или 256GB простор за складирање.

Што се однесува до камерите, одзади е главната од 48MP, ултрашироката од 50MP и сензорот од 8MP со зум од 3,3x. Тоа е исто како и во случајот со OnePlus 9 Pro, но кај „десетката“ се очекуваат подобрувања во сензорите и оптиката. Однапред има селфи камера од 32MP.

Уредот се напојува од батерија од 5.000 mAh, а се уште нема информации за брзината на полнење. Сепак, познато е дека уредот е отпорен на вода и прашина според IP68 стандардот.

Серијата OnePlus 10 се очекува да дебитира во Кина кон крајот на јануари или почетокот на февруари, а најверојатно ќе се појави на глобалниот пазар во април.

Промовирани огласи »

Коронавирусот и натаму ги усложнува меѓународните патувања. ЕУ ковид-сертификатите ќе важат 9 месеци, а потоа ќе треба бустер-доза. 

Ковид-сертификатите за Европската Унија,  ќе важат девет месеци по последната доза вакцина, се наведува во новите препораки за патувања на Европската Комисија, објавени денеска. За продолжување на нивната важност ќе биде потребна дополнителна доза од вакцината (бустер-доза).

Европската Комисија вели дека три дополнителни месеци ќе бидат доволни за да се даде флексибилност на ЕУ државите во нивните кампањи за вакцинација. Здравствените политики се во надлежност на поединечните држави на секоја ЕУ членка, а истовремено и секоја држава спроведува посебна кампања за вакцинација. Сепак, набавката на вакцините се централизирани преку ЕУ низ заеднички договор.

Покрај доказ за вакцинација, сертификатот  може да се добие преку негативен тест на коронавирус во последните 72 часа или пак по прележување на болеста.

Граѓаните кои немаат ваков сертификат ќе можат да патуваат, но од нив може да се бараат да исполнат дополнителни услови пред или по нивното пристигање. Истите правила ќе важат и за сите млади повозрасни од 12 години.

Препораката од Европската комисија треба да биде прифатена од сите 27 земји членки. 

Новите податоци на Европскиот центар за заштита и контрола на болести (ЕЦДЦ) покажуваат дека заштитата од вакцините се намалува по првите шест месеци и се препорачува бустер-доза за да се пролонгира имунитетот по овој период.

Словачка е земја која се затвори, а можно е истото да го сторат и други еврсопки држави. 

Промовирани огласи »

Европската унија ќе препорача деветмесечен рок за важност на вакцинацијата против Ковид-19 за патување во европскиот блок, а исто така ќе предложи да се даде приоритет на вакцинираните патници, се вели во документот на Европската комисија до кој што њујоршката агенција „ Блумберг“ имаше пристап.

Европската комисија ќе предложи земјите-членки да продолжат да ги примаат сите патници кои биле имунизирани со вакцини одобрени од европскиот блок.

Тој, исто така, ги повикува земјите повторно да се отворат од 10 јануари за сите оние кои примиле вакцини одобрени од Светската здравствена организација.

Предложените измени, исто така, воведуваат ново временско ограничување за важноста на вакцинацијата против Ковид, што сугерира дека ќе бидат потребни дополнителни дози по период од девет месеци.

Предлозите, кои се однесуваат на патување надвор од ЕУ, се очекува да бидат објавени подоцна денеска.

Владите на ЕУ бараат од блокот да ги изедначи разликите во правилата за да се олесни патувањето, откако владите презедоа различни пристапи за должината на вакцините и засилените дози.

Промовирани огласи »

Во услови на криза настаната поради епидемијата со  Covid-19 занаетчискиот сектор се соочува со многу предизвици. Занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, недостаток на финансии за  исплата на плати и придонеси за вработените,  преоптовареност со парафискални давачки како и сивата економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис.

Дополнително уште еден товар за занаетчиите претставува најавувањето  за покачување на минималната плата поради тоа што со покачување на минималната плата ќе се зголемат и трошоците по основ придонеси.

Голем дел од занаетчиите и сега имаат проблем со ликвидноста и имаат проблем со плаќањето на придонесите, што може да доведе до бришење на голем број занаетчиски бизниси.

Како мерка која се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза е мерката за финансиска подршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор. Безфинансиска подршка за плата многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените.

Претседателот на Занаетчиската комора Скопје - Горан Ристовски, истакна дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, падот на побарувачката на занаетчиски производи и услуги е драстичен а со тоа  се јавуваат и финансиски проблеми кај занаетчиите како да го одржат бизнисот ликвиден, и да ги исплатат тековните трошоци: закуп, тековни трошоци за струја, вода, плати за вработени и други трошоци.

Покачувањето на репроматеријалите и порастот на останатите тековните трошоци дополнително го отежнува нашето работење, а покачувањето на минималната плата ќе доведе до отпуштање на вработени и затварање на занаетчиски бизниси истакна Претседателот на Занаетчиската комора Скопје -Горан Ристовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »