Во услови на криза настаната поради епидемијата со Covid-19 занаетчискиот сектор се соочува со многу предизвици. Занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, недостаток на финансии за исплата на плати и придонеси за вработените, преоптовареност со парафискални давачки како и сивата економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис.
![](/uploads/articles/4 - Copy 77.jpg)
Дополнително уште еден товар за занаетчиите претставува најавувањето за покачување на минималната плата поради тоа што со покачување на минималната плата ќе се зголемат и трошоците по основ придонеси.
Голем дел од занаетчиите и сега имаат проблем со ликвидноста и имаат проблем со плаќањето на придонесите, што може да доведе до бришење на голем број занаетчиски бизниси.
Како мерка која се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза е мерката за финансиска подршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор. Безфинансиска подршка за плата многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените.
Претседателот на Занаетчиската комора Скопје - Горан Ристовски, истакна дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, падот на побарувачката на занаетчиски производи и услуги е драстичен а со тоа се јавуваат и финансиски проблеми кај занаетчиите како да го одржат бизнисот ликвиден, и да ги исплатат тековните трошоци: закуп, тековни трошоци за струја, вода, плати за вработени и други трошоци.
Покачувањето на репроматеријалите и порастот на останатите тековните трошоци дополнително го отежнува нашето работење, а покачувањето на минималната плата ќе доведе до отпуштање на вработени и затварање на занаетчиски бизниси истакна Претседателот на Занаетчиската комора Скопје -Горан Ристовски.