Промовирани огласи »

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето С.А.(36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа, со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата.

С.А. со злоупотреба на својата службена положба и овластувања, постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за извршување на буџетите и Законот за спречување на корупција, во периодот 2014-2017 година, за свои лични потреби и за своја сметка нанела штета на Буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 ЕУР).

Промовирани огласи »

Германските инвеститори во земјава поднесоа барање, во Предлог-законот со кој неделата ќе се прогласи за неработен ден да се воведе дополнителен акт за прецизно регулирање на ваквото решение.

Со овој акт, како што информира директорот на Делегацијата на германските инвеститори, Патрик Мартенс, ќе се заштити позицијата на производителите од Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.

Во четвртокот имав средба со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Разговаравме за новиот предлог-закон со кој неделата ќе се прогласи за неработен ден. Заедно со германските инвеститори во земјава поднесовме барање до законот за воведување уредба со која прецизно ќе се регулира законот. Со оваа уредба ќе се заштити позицијата на производителите од Северна Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување. Го информирав министерот што значи стагнацијата во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкуренцијата на пазарот во однос на земјите со кои Северна Македонија конкурира во привлекувањето странски инвеститори, вели Мартенс.

Тој во понеделникот имаше работна средба со министерот за правда Бојан Маричиќ на која, како што нагласува, учествувал и германскиот заменик амбасадор Ото Граф, а тема на разговорите била заштитата на инвеститорите.

Промовирани огласи »

Новогодишните реклами обично не повикуваат да купиме подароци за блиските и да уживаме во вкусните семејни гозби. Оваа реклама не повикува да го разбереме и промениме светот на друго ниво.

Рекламата за норвешката пошта „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“, ја слави 50 години од декриминализацијата на хомосексуалноста во Норвешка, а го следи осамениот Хари кој ја пронаоѓа љубовта на својот живот во Дедо Мраз.

Хари е средовечен маж кој има семејство, има свој живот, но нешто му недостасува. Дедо Мраз е обичен човек кој сака разговори покрај камин, прави глупави трикови и има свои несигурности.

Погледнете ја рекламата која јасно алудира на култниот филм „Кога Хери ја запозна Сали“.

Промовирани огласи »

Властите во многу држави размислуваат како да го намалат бројот на жртви од сообраќајни несреќи. Некои кампањи кои се спроведуваат ги таргетираат младите возачи, некои проблемот со консумирање алкохол, неносење појас или користење на телефон зад воланот, но некои се наменети и за постарите возачи.

Во поединечни делови од германската покраина Баден-Виртемберг, постарите граѓани наскоро ќе можат да добијат бесплатна годишна карта за локален јавен превоз – доколку ја вратат својата возачка дозвола.

Од 1 декември постарите граѓани ќе можат да се пријават за бесплатна годишна карта за локален превоз. За да го направат тоа, ќе мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат на надлежните органи. Втор услов е да имаат престој во тој регион.

За трошоците кои произлегуваат од оваа мерка, покраината обезбедила финансии од буџетот до 3 милиони евра.

Целта на кампањата е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Имено, повеќе од една третина од учесниците во сообраќајот кои имале несреќа со смртен исход биле на возраст од 65 или повеќе години, а за 68 отсто од несреќите виновни биле токму постарите возачи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »