Промовирани огласи »

Новогодишните реклами обично не повикуваат да купиме подароци за блиските и да уживаме во вкусните семејни гозби. Оваа реклама не повикува да го разбереме и промениме светот на друго ниво.

Рекламата за норвешката пошта „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“, ја слави 50 години од декриминализацијата на хомосексуалноста во Норвешка, а го следи осамениот Хари кој ја пронаоѓа љубовта на својот живот во Дедо Мраз.

Хари е средовечен маж кој има семејство, има свој живот, но нешто му недостасува. Дедо Мраз е обичен човек кој сака разговори покрај камин, прави глупави трикови и има свои несигурности.

Погледнете ја рекламата која јасно алудира на култниот филм „Кога Хери ја запозна Сали“.

Промовирани огласи »

Властите во многу држави размислуваат како да го намалат бројот на жртви од сообраќајни несреќи. Некои кампањи кои се спроведуваат ги таргетираат младите возачи, некои проблемот со консумирање алкохол, неносење појас или користење на телефон зад воланот, но некои се наменети и за постарите возачи.

Во поединечни делови од германската покраина Баден-Виртемберг, постарите граѓани наскоро ќе можат да добијат бесплатна годишна карта за локален јавен превоз – доколку ја вратат својата возачка дозвола.

Од 1 декември постарите граѓани ќе можат да се пријават за бесплатна годишна карта за локален превоз. За да го направат тоа, ќе мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат на надлежните органи. Втор услов е да имаат престој во тој регион.

За трошоците кои произлегуваат од оваа мерка, покраината обезбедила финансии од буџетот до 3 милиони евра.

Целта на кампањата е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Имено, повеќе од една третина од учесниците во сообраќајот кои имале несреќа со смртен исход биле на возраст од 65 или повеќе години, а за 68 отсто од несреќите виновни биле токму постарите возачи.

Промовирани огласи »

Во денешно време, работата зазема навистина голем дел од нашите животи. Постојано луѓето се под стрес, мислат што треба наредно да направат, како да ги решат проблемите на работа и слично. Дури и кога на работа се оди како што треба, сепак луѓето се преопседнати со тоа што се случува во канцеларијата.

Доколку ги забележите следните знаци, Вам дефинитивно Ви е потребен одмор!

1 . Цело време размислувате на работа

Во ред е да се грижите за вашите обврски, но ако прва и последна мисла во текот на денот ви е работата, канцеларијата и документите, Вам дефинитивно ви треба одмор!

2. Целиот ваш живот се врти околу работа

Ако имате чувство дека и вашиот личен идентитет и она што сте како личност се врти околу вашата канцеларија – дефинитивно треба да ги земете оние слободни денови што ви следуваат.

3. Престанавте да се смеете

Кога последен сте се насмеале од срце? Ако не можете ни да се сетите, дефинитивно ви треба одмор, затоа што стресот комплетно се вселил во вашиот живот.

4. Немате ентузијазам за работата

Ако воопшто не ви е грижа за работата, којашто во еден момент од животот сте ја сакале и обожавале и едноставно се правите механички, под итно земете одмор додека сосема не сте си ја замразила работата.

5. Постојано правите грешки

Кој работи тој и греши. Но, ако постојано правите грешки кои најчесто се предизвикани заради недостиг на концентрација, тоа значи дека треба да земете здив и да одморите.

6. Пропуштате важни моменти од вашиот живот

Родендени, слави, прослави, дружења… ако постојано и константно го пропуштате ова заради вашата работа, тоа значи дека е време да поставите граници. Треба да си ја сакате работата, но не и по цена да ги пропуштите сите потенцијални прекрасни спомени.

7. Имате проблеми со спиењето

Ако постојано имате проблем со несоници или лош сон, тоа може да е резултат на вашата преоптовареност со работата. Постојано ве мачат проблемите и обврските на работата и не можете дури ни на сон да се опуштите.

8. Почнувате да изгледате исто како на сликата од пасошот

Има една шега која вели дека најдобар знак дека ви треба одмор е кога ќе почнете да изгледате како сликата од пасошот. Обично се вели дека сите излегуваат лошо на сликите за пасош, делуваат уморно и изнемоштено, па ако почнувате да изгледате така, земете неколку дена одмор и наспијте се!

Промовирани огласи »

Царинската управа вечерва соопшти дека по извршените проверки, утврдено е дека не било воопшто евидентирано дека автобусот на „Беса транс“, кој изгоре во страотна несреќа на автопат во Бугарија, ја напуштил државата. Двајца цариници се суспендирани поради неправилно постапување.

Во врска со информациите изнесени во јавноста во однос на надлежностите на Царинската управа на Република Северна Македонија при контрола на влез и излез на возила и превозници кои вршат меѓународен слободен превоз на патници, како и за постапувањето по конкретниот случај, ве информираме за следното:

Согласно член 49 од Законот за превоз во патниот сообраќај, при вршењето на слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај,  во зависност од видот на превозот, превозникот мора да има: извод од лиценца, патен налог во оригинал, евидентен лист за превоз на патници, договор склучен меѓу превозникот и нарачувачот на услугата и правилно и точно пополнет патен лист на пропишан образец, потпишан и заверен од превозникот и заверен од надлежните царински служби.

Врз основа на овие приложени документи, Царинската управа електронски го евидентира превозот и тоа на влез или излез при првото и при второто преминување на возилото преку граничниот премин на Република Северна Македонија, во зависност од релацијата на превозот.

За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе  преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува.

Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентниот лист за превоз на патници.

За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање, се вели во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »