Промовирани огласи »

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција рече дека возачите на превозни транспортни возила не можат да полагаат испити за потребниот сертификат во Државниот испитен центар затоа што за постапката за набавка на нов софтвер било потребно време.

Над 1.500 возачи чекаат да ги положат овие испити, од кои некои осум месеци, а нивните компании поради тоа не можат да ги добијат потребните лиценци. Голем број институции се нефункционални поради ненавремената тендерска набавка на софтверски услуги за полагање на испити на над 1.500 возачи и со тоа доследно да се почитуваат законските прописи.

Причината поради неможноста да полагаат е поради тоа што обвинителството отвори истрага против Драги Рашковски кој од позиција на генерален секретар на Владата, во август минатата година склучил договор со фирмата „Инвока“за одржување на електронскиот систем за државни испити во 13 институции вреден 150 илјади евра. 

Секако дека тоа е надлежност на Владата, на Генералниот секретаријат, јас имам информација дека веќе е потпишан договорот и ќе се започне со полагање на испититите. За тоа треба претходно требало да биде избран изведувач, но вон законските рамки не може да биде тоа направено. 

Постапката не ја води МВР, туку генералниот секретаријат. Мора да има постапка, бидејќи ќе има злоупотреба ако нема постапка. Тоа не тангира и нас како МВР и добро е што проблемот сега  е надминат, рече Спасовски.

Фирмите превозници од денот на отворањето на истрагата против Рашковски не се во можност да полагаат за Сертификат а со самото тоа ниту да добијат извод од лиценца за возилата. Владата во меѓувреме распишала тендер за избор на нова фирма.

Промовирани огласи »

Вчера Европската комисија предложи ажурирање на правилата за патување во ЕУ, кои беа воведени како одговор на пандемијата на ковид-19 и кои ги засегаат граѓаните на т.н. трети земји, вклучително и државјаните од Западен Балкан.

Се предлага сите оние кои во претходниот период биле вакцинирани со две дози против коронавирус (или еднаш ако вакцината е Џонсон и Џонсон) најдоцна 9 месеци по примањето на втората доза да ја примат третата доза од вакцината т.н. бустер за да може да имате валиден сертификат за КОВИД признаен во ЕУ.

Тоа ќе биде предуслов за влез во земјите од Европската унија, а оваа одлука треба да стапи во сила на 10 јануари 2022 година.

Новиот пристап на Европската комисија ќе се базира „на личноста“. Во превод, лице кое поседува валиден ЕУ дигитален сертификат за КОВИД во принцип не треба да биде предмет на дополнителни ограничувања, како што се тестови или карантин, без оглед на местото на поаѓање во ЕУ. Од лицата без дигитален ЕУ-ковид-сертификат може да се бара да се подложат на тест пред или по пристигнувањето.

Од ЕК порачаа дека на овој начин ЕУ се оддалечува од пристапот кој досега се засноваше, а тоа е фокусот на државата. Ова ќе се движи кон индивидуални пристапи, што ќе значи дека секој што бил вакциниран со вакцина признаена од Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе може да патува низ ЕУ.

Европската комисија предложи од 10 јануари сертификатите за вакцинација на ЕУ да важат девет месеци по целосната имунизација.

Извршната власт на ЕУ, исто така, предложи прифаќање на сите вакцини одобрени од Светската здравствена организација за цели на патување, што ќе овозможи „неважно“ патување во ЕУ за луѓето вакцинирани со вакцини од кинеско и индиско производство.

Промовирани огласи »

Подбрендот на Xiaomi, Redmi ја објави Note 11 серијата во Кина минатиот месец, која се состои од три паметни телефони – Redmi Note 11, Redmi Note 11 Pro и Redmi Note 11 Pro+. Сега компанијата дополнително ја прошири Note 11 линијата со 4G верзија на стандардниот Redmi Note 11.

Но, ова не е само 4G варијанта на Redmi Note 11. Тоа е всушност Redmi 10 со една камера помалку на задната страна. Тоа значи дека го добивате Helio G88 чипсет, MIUI 12.5 базиран на Android 11 и 6.5-инчен FullHD+ LCD екран со брзина на освежување од 90 Hz, што може автоматски да се префрли на 45Hz кога читате нешто и 60Hz кога гледате видео.


Промовирани огласи »

OnePlus 10 Pro ќе има 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран со освежување од 120 Hz, процесор Snapdragon 8 Gen1 на Qualcomm, 8 или 12GB RAM и 128 или 256GB простор за складирање.

Што се однесува до камерите, одзади е главната од 48MP, ултрашироката од 50MP и сензорот од 8MP со зум од 3,3x. Тоа е исто како и во случајот со OnePlus 9 Pro, но кај „десетката“ се очекуваат подобрувања во сензорите и оптиката. Однапред има селфи камера од 32MP.

Уредот се напојува од батерија од 5.000 mAh, а се уште нема информации за брзината на полнење. Сепак, познато е дека уредот е отпорен на вода и прашина според IP68 стандардот.

Серијата OnePlus 10 се очекува да дебитира во Кина кон крајот на јануари или почетокот на февруари, а најверојатно ќе се појави на глобалниот пазар во април.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »