Промовирани огласи »

Вчеравечер видео од момче на околу 10-годишна возраст стана хит на социјалните мрежи, по што следеа низа коментари за изјавата на детето. 

По кратко време, видеото беше повлечено на одлука на родителите. 

Експерите од областа на заштита на правата на децата реагираа на леснотијата со која видеото, без размислување и без согласнот од родителите, беше споделувано и коментирано. 

Се редеа секакви коментари, па така експерите прашаа: Кој ви дава право врз основа на едно некомплетно видео да судите дека едно дете е размазено, легенда, херој...?

За жал, ова е уште еден случај во кој, идентитетот на детето не е заштитен при споделувањето јавно. Нам како родители може ни е забавно, но многу деца, може да го исмејуваат и може да биде предмет на сајбер булинг. Децата не смеат да се снимаат и споделуваат јавно без родителска согласност. Поинаку, сите ние ги кршиме нивните права, вели новинарката Вики Ристоска. 

Извор - Skopjeinfo.mk

Промовирани огласи »

Денеска и утре подгответе ги платнените торби или хартиените кеси што ги имате низ дома, затоа што од среда пластичните кеси во продавниците ќе чинат 15 денари, наместо досегашните 2 или 3 денари од кеса. 

Законот предвидува забрана на употребата на пластични кеси во земјава, односно од први декември тие веќе нема да се произведуваат, додека кесите кои се биоразградливи ќе се наплаќаат по 15 денари.

Дел од граѓаните ја поддржуваат ваквата одлука и сметаат дека е во ред да се пазарува со платнена или хартиена торба која ќе си ја носат од дома, но има и такви кои сметаат дека многу попрактични се пластични кеси без оглед на штетата која ја предизвикуваат за животната средина долгорочно. 

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Од еколошото здружение„Гоу грин“ пресметале дека во просек трошиме по две пластични кеси по жител секој ден.

Според законот, од 1 декември се забранува користењето на пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.

Како што е познато, серија мерки се вградени во шест закони во делот на управување со отпад, што беа донесени во септември оваа година, со цел да се подигне свеста кај населението за намалување на отпадот и да се применат стратегиите и другите политики во Европската Унија за повторна реупотреба и рециклирање, користење на отпадот како гориво и депонирање, како најнепосакувана опција за справување со отпад. 

Промовирани огласи »

Kia денеска на саемот во Сеул ја претстави новата, втора генерација на моделот Niro, но конкретни технички детали се уште не се објавени. Во секој случај, по пет години, актуелниот Niro добива наследник, во форма на компактен електрифициран crossoveer чиј изглед е инспириран од дизајнот на концептот HabaNiro што се појави во 2019 година.

За повеќе детали погледнете во видеото:

Промовирани огласи »

Од пандемијата и порастот на луѓето кои работат од дома, користењето на програмите за следење на вработените од страна на работодавачите рапидно расте. Работодавците велат дека ја следат активноста на работниците главно од две причини: да ја промовираат безбедноста и да ја зголемат продуктивноста. Кои алатки за следење ги користат и колку агресивно ги користат варираат во голема мера.Еве неколку начини како компаниите ги следат работниците дома:

1. Следење на работното време преку компјутер

Вклучувањето и исклучувањето може да биде најосновната функција, пријавување на работните часови, времето на пауза и други празнини во работниот ден.

Системот за следење време може да ве издаде кога вашиот компјутер е неактивен одреден период, а ако не одговорите, тој автоматски ќе ве одјави, што може да влијае на вашата плата во некои компании. 

2. Следење на веб-локации, апликации и е-пошта

Дали гледате веб-страници кои немаат никаква врска со работата? Дали имате игра која работи во позадина или всушност ја играте? Колку време трошите на социјалните мрежи? Следењето на активноста на интернет е вообичаена карактеристика на повеќето софтвери за следење, иако има различни степени на пристап што може да ги има работодавецот. 

3. Активирање на веб-камери

Ова може да биде најинвазивниот начин за следење на работниците, без разлика дали се гледаат во живо или со снимање видео или звуци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »