Се намалува бројот на работници во индустријата, покажуваат статистичките податоци.
Бројот на работниците во индустријата, во октомври 2021 во однос на октомври минатата година е намален за 2,5 проценти, а од јануари до октомври во споредба со истиот период лани намален е за 2,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, има пораст од 0.2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10.4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.6 отсто
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.