Промовирани огласи »

Се намалува бројот на работници во индустријата, покажуваат статистичките податоци. 

Бројот на работниците во индустријата, во октомври 2021 во однос на октомври минатата година е намален за 2,5 проценти, а од јануари до октомври во споредба со истиот период лани намален е за 2,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти. 

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, има пораст од 0.2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10.4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.6 отсто

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Промовирани огласи »

На два месеци се замрзнати цените на основните прехрамбени продукти во Србија. 

Со одлуката на владата ограничени се цените на шеќерот кристал, брашно тип-400, сончогледовото масло, свинското месо и млекото со 2.8 насто млечни масти. Цените не треба да бидат повисоки отколку што биле на 15-ти ноември. Ограничувањето на цените е утврдено за да се отстранат штетните последици и да се спречи нарушување на пазарот. 

Предвидено е производителите на овие производи да не смеат да испорачуваат количини, помали од просечните во последните 12 месеци, а за кршење на овие одредби, предвидени се парични казни од 100 илјади, до два милиони српски динари. Мерката е неопходна со цел заштита на животниот стандард на граѓаните. Повеќе земји во светот ги ограничија цените на намирниците. 

Промовирани огласи »

Омикрон има голем број мутации што доведуваат до поголем ризик од повторени инфекции кај прележаните лица. Од Светската здравствена организација(СЗО) велат дека јужноафрикански сој на коронавирусот како многу висок глобален ризик.

Замор, болки во телото, главоболка, според  јужноафриканските лекари се дел од симптомите на омикрон, сој што според СЗО  ќе се прошири низ цел свет. Откриен  е на 9 ноември во Јужна Африка, а случаи пријавија уште најмалку 14 држави. Досега нема потврдени починати. 

Од СЗО велат дека овој сој ни докажува дека ништо не е готово. 

Промовирани огласи »

Инфлацијата во Германија го надмина прагот од 5 отсто. Тоа е највисока инфлација по речиси три децении. Цените во Германија овој ноември се зголемени за 5,2 отсто во однос на истиот период лани. 

Еврозоната сега е во најбрзoрастечката инфлација од воспоставувањето на единствената валута кон крајот на 20 век. 

Потрошувачките цени во регионот од 19 земји се зголемија за 4,5 отсто во ноември, според просекот од 40 проценки во истражувањето на „Bloomberg“. Тоа  е најбрзо од финансиската криза во 2008 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »