Промовирани огласи »

Инфлацијата во Германија го надмина прагот од 5 отсто. Тоа е највисока инфлација по речиси три децении. Цените во Германија овој ноември се зголемени за 5,2 отсто во однос на истиот период лани. 

Еврозоната сега е во најбрзoрастечката инфлација од воспоставувањето на единствената валута кон крајот на 20 век. 

Потрошувачките цени во регионот од 19 земји се зголемија за 4,5 отсто во ноември, според просекот од 40 проценки во истражувањето на „Bloomberg“. Тоа  е најбрзо од финансиската криза во 2008 година.

Промовирани огласи »

Омикрон се шири во светот. Тој е детектиран во многу земји. 

Шест случаи на новиот сој се пронајдени во Шкотска. Шкотската влада во понеделникот рече дека сè уште не е познато каде поединците се заразиле со вирусот, но некои од случаите може да се должат на ширење во заедницата, а не на директно патување.

Во Канада вчера се откриени и два случаи на заразени со омикрон. Министерката за здравство на Онтарио, Кристин Елиот, изјави дека луѓето во Отава отпатувале во Нигерија, која не е во јужноафриканскиот регион каде што официјалните лица велат дека се појавила мутација на вирусот.

Холандските здравствени власти во неделата соопштија дека 13 лица кои неодамна пристигнале во Холандија со летови од Јужна Африка биле позитивни. 

Светската здравствена организација повика на претпазливост. Овој сој се појави во Јужна Африка. 

Македонија нема да ги затвори границите. Вака одлучија властите. 

фото freepik.com

Промовирани огласи »

Откако жирито ја објави долгата листа на кандидати, денеска тие ги објавија седумте финалисти – од кои 6 се електрични а еден финалист е плаг-ин хибриден со електрична верзија која треба наскоро да пристигне.

Автомобилите кои ќе се борат за титулата се: 

  • Renault Mégane E-Tech
  • Škoda Enyaq iV

  • Peugeot 308

  • Kia EV6

  • Cupra Born

  • Ford Mustang Mach-E

  • Hyundai Ioniq 5

Од сите финалисти, само францускиот Peugeot 308 не е електрично возило, но веќе е достапен во две различни плаг-ин хибридни изведби, но според најавеното и 308 ќе биде достапен во целосно-електрична варијанта.

Победникот ќе биде објавен на 28-ми Февруари.

Промовирани огласи »

Steam како најпозната гејминг платформа повторно постави нов рекорд по бројот на корисници кои во еден момент биле на платформата.
 

Последниот рекорд кој беше достигнат беше во месец април со 26 милиони корисници во исто време на својата платформа, сега беше надминат.

Популарната гејминг услуга имаше рекордни 27.384.959 корисници, кои истовремено се најавија во системот на Valve, според статистиката на SteamDB.

Од таа бројка, во игрите во исто време имало 7,8 милиони корисници. Тоа е малку послабо од рекордните 8,1 милиони корисници од март 2020 година.

Најпродаваната глобална игра на Steam и понатаму е Cyberpunk 2077. Што се однесува до игрите со најголем број корисници, CS: GO, Dota 2 и PUBG беа на врвот во текот на викендот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »