Промовирани огласи »

Steam како најпозната гејминг платформа повторно постави нов рекорд по бројот на корисници кои во еден момент биле на платформата.
 

Последниот рекорд кој беше достигнат беше во месец април со 26 милиони корисници во исто време на својата платформа, сега беше надминат.

Популарната гејминг услуга имаше рекордни 27.384.959 корисници, кои истовремено се најавија во системот на Valve, според статистиката на SteamDB.

Од таа бројка, во игрите во исто време имало 7,8 милиони корисници. Тоа е малку послабо од рекордните 8,1 милиони корисници од март 2020 година.

Најпродаваната глобална игра на Steam и понатаму е Cyberpunk 2077. Што се однесува до игрите со најголем број корисници, CS: GO, Dota 2 и PUBG беа на врвот во текот на викендот.

Промовирани огласи »

Стопанството не може да издржи уште еден локдаун поради коронавирусот. Капацитетите на нашите компании не се во можност да го издржат тоа. Ако ни се случи уште еден бран ќе биде катастрофално и резултат на тоа ќе биде дека компаниите ќе мора да се затворат, а работниците ќе останат без работа. За тоа да се спречи потребна е масовна вакцинација, порача извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Антони Пешев.

Како што истакна тој на денешната прес-конференција, во Стопанската комора оцениле дека производниот процес во фирмите повеќе не може да трпи постојано да има 20-тина отсто од луѓето надвор од функција поради заболените од ковид-19, особено во колективите во кои се работи во мал затворен простор. Затоа сакаат да се создаде ситуација во која, како што рече, функционирањето на компаниите ќе биде логично и остварливо во услови на пандемија.

Цениме дека треба да се направат максимални напори за да не трпи процесот на производство. За нас се исти вакцинираните и прележаните. Логична ни е мерката после вакцинација да следи слободен ден, но не мислиме дека има објективна причина да не се вакцинираат работниците. Сметам дека треба Владата да преземе порадикални чекори и да ја направи задолжителна вакцинацијата – рече Пешев.

Промовирани огласи »

Британскиот принц Чарлс и престолонаследникот на Обединетото Кралство решија да отпатуваат за Барбадос, каде што се одбележува годишнината од ослободувањето од колонијалното владеење, при што кралицата Елизабета Втора ќе престане да биде суверена во таа островска земја.

Поради најавата на принцот Чарлс дека ќе присуствува на свечениот настан, бурно реагираше британската јавност и граѓаните на Барбадос, кои најавија организирање на протест веднаш по неговото пристигнување.

Сепак, тој ги демантираше шпекулациите дека ќе оди таму со цел да провоцира, наведувајќи дека е клучно Кралството да одржува добри односи со Барбадос и дека е во интерес на Британија да продолжи да ги зајакнува врските меѓу двете нации.

Бидејќи сега се менува вашиот уставен статус, важно е да ви кажам како нашите врски остануваат силни и како ништо нема да се промени – наводно стои во говорот што Чарлс ќе го прочита на церемонијата закажана за вечерва.

Се очекува принцот да им се обрати на жителите на Барбадос точно откако часовникот ќе ја отчука првата минута по полноќ и кога ќе почне 30 ноември, денот кога пред 55 години една мала островска држава на Карибите прогласи независност од британската колонијална власт и стана република.

Меѓутоа, во 1966 година Барбадос одлучи да ја задржи кралицата Елизабета Втора како своја суверена, што ќе се промени на денешната церемонија. На нејзино место ќе дојде претседателот на државата, чија инаугурација е најавена за утре.

Инаку, ова е првпат по три децении кралицата да биде сменета од функцијата шеф на државата, откако Маурициус, остров во Индискиот Океан, беше прогласен за република во 1992 година.

Промовирани огласи »

Вчеравечер видео од момче на околу 10-годишна возраст стана хит на социјалните мрежи, по што следеа низа коментари за изјавата на детето. 

По кратко време, видеото беше повлечено на одлука на родителите. 

Експерите од областа на заштита на правата на децата реагираа на леснотијата со која видеото, без размислување и без согласнот од родителите, беше споделувано и коментирано. 

Се редеа секакви коментари, па така експерите прашаа: Кој ви дава право врз основа на едно некомплетно видео да судите дека едно дете е размазено, легенда, херој...?

За жал, ова е уште еден случај во кој, идентитетот на детето не е заштитен при споделувањето јавно. Нам како родители може ни е забавно, но многу деца, може да го исмејуваат и може да биде предмет на сајбер булинг. Децата не смеат да се снимаат и споделуваат јавно без родителска согласност. Поинаку, сите ние ги кршиме нивните права, вели новинарката Вики Ристоска. 

Извор - Skopjeinfo.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »