Промовирани огласи »

Британскиот принц Чарлс и престолонаследникот на Обединетото Кралство решија да отпатуваат за Барбадос, каде што се одбележува годишнината од ослободувањето од колонијалното владеење, при што кралицата Елизабета Втора ќе престане да биде суверена во таа островска земја.

Поради најавата на принцот Чарлс дека ќе присуствува на свечениот настан, бурно реагираше британската јавност и граѓаните на Барбадос, кои најавија организирање на протест веднаш по неговото пристигнување.

Сепак, тој ги демантираше шпекулациите дека ќе оди таму со цел да провоцира, наведувајќи дека е клучно Кралството да одржува добри односи со Барбадос и дека е во интерес на Британија да продолжи да ги зајакнува врските меѓу двете нации.

Бидејќи сега се менува вашиот уставен статус, важно е да ви кажам како нашите врски остануваат силни и како ништо нема да се промени – наводно стои во говорот што Чарлс ќе го прочита на церемонијата закажана за вечерва.

Се очекува принцот да им се обрати на жителите на Барбадос точно откако часовникот ќе ја отчука првата минута по полноќ и кога ќе почне 30 ноември, денот кога пред 55 години една мала островска држава на Карибите прогласи независност од британската колонијална власт и стана република.

Меѓутоа, во 1966 година Барбадос одлучи да ја задржи кралицата Елизабета Втора како своја суверена, што ќе се промени на денешната церемонија. На нејзино место ќе дојде претседателот на државата, чија инаугурација е најавена за утре.

Инаку, ова е првпат по три децении кралицата да биде сменета од функцијата шеф на државата, откако Маурициус, остров во Индискиот Океан, беше прогласен за република во 1992 година.

Промовирани огласи »

Вчеравечер видео од момче на околу 10-годишна возраст стана хит на социјалните мрежи, по што следеа низа коментари за изјавата на детето. 

По кратко време, видеото беше повлечено на одлука на родителите. 

Експерите од областа на заштита на правата на децата реагираа на леснотијата со која видеото, без размислување и без согласнот од родителите, беше споделувано и коментирано. 

Се редеа секакви коментари, па така експерите прашаа: Кој ви дава право врз основа на едно некомплетно видео да судите дека едно дете е размазено, легенда, херој...?

За жал, ова е уште еден случај во кој, идентитетот на детето не е заштитен при споделувањето јавно. Нам како родители може ни е забавно, но многу деца, може да го исмејуваат и може да биде предмет на сајбер булинг. Децата не смеат да се снимаат и споделуваат јавно без родителска согласност. Поинаку, сите ние ги кршиме нивните права, вели новинарката Вики Ристоска. 

Извор - Skopjeinfo.mk

Промовирани огласи »

Денеска и утре подгответе ги платнените торби или хартиените кеси што ги имате низ дома, затоа што од среда пластичните кеси во продавниците ќе чинат 15 денари, наместо досегашните 2 или 3 денари од кеса. 

Законот предвидува забрана на употребата на пластични кеси во земјава, односно од први декември тие веќе нема да се произведуваат, додека кесите кои се биоразградливи ќе се наплаќаат по 15 денари.

Дел од граѓаните ја поддржуваат ваквата одлука и сметаат дека е во ред да се пазарува со платнена или хартиена торба која ќе си ја носат од дома, но има и такви кои сметаат дека многу попрактични се пластични кеси без оглед на штетата која ја предизвикуваат за животната средина долгорочно. 

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Од еколошото здружение„Гоу грин“ пресметале дека во просек трошиме по две пластични кеси по жител секој ден.

Според законот, од 1 декември се забранува користењето на пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.

Како што е познато, серија мерки се вградени во шест закони во делот на управување со отпад, што беа донесени во септември оваа година, со цел да се подигне свеста кај населението за намалување на отпадот и да се применат стратегиите и другите политики во Европската Унија за повторна реупотреба и рециклирање, користење на отпадот како гориво и депонирање, како најнепосакувана опција за справување со отпад. 

Промовирани огласи »

Kia денеска на саемот во Сеул ја претстави новата, втора генерација на моделот Niro, но конкретни технички детали се уште не се објавени. Во секој случај, по пет години, актуелниот Niro добива наследник, во форма на компактен електрифициран crossoveer чиј изглед е инспириран од дизајнот на концептот HabaNiro што се појави во 2019 година.

За повеќе детали погледнете во видеото:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »