За најевтин град за живот е прогласен сирискиот главен град Дамаск, објави Економист.
Утврдено дека проблемите во синџирите за набавка и антиепидемиските мерки кои ги ограничија производството и трговијата придонеле на порастот на трошоците за живот во многу градови.
Трошоците за транспорт пораснале поради растот на цените на горивата, а забележан е значителен пораст на цените на тутунот, производите за лична хигиена и забавни содржини.
Најскапи градови се Тел Авив, Париз, Сингапур, Цирих, Хонг Конг, Њујорк, Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака, а потоа следат Осло, Сеул, Токио, Виена, Сиднеј, Мелбурн, Хелсинки, Лондон, Даблин, Франкфурт и Шангај.
фото Wikipedia