Промовирани огласи »

Engineered Arts, дизајнер и производител на хуманоидни роботи со седиште во Велика Британија, неодамна ja покажа една од своите најреалистичните креации во видео објавено на YouTube. Роботот, наречен Амека, е прикажан како прави серија неверојатни човечки изрази на лицето.

На почетокот на видеото, се чини дека Амека „се буди“, бидејќи нејзиното лице покажува мешавина од збунетост и фрустрација кога ги отвора очите. Но, кога Амека почнува да ги гледа рацете, роботот ја отвора устата и ги крева веѓите изгледајќи зачудено. На крајот од видеото се гледа како Амека се насмевнува и ја подава раката за добредојде кон гледачот - ако така сакате да го протолкуваме тој гест.


 

Промовирани огласи »

Tрка во Саудиска Арабија беше полна со драма, а најдраматичниот момент дојде на 13 круга преостанати. На Макс Верстапен му беше кажано да го препушти водството на Луис Хамилтон, откако тој го принуди бранителот на титулата да излезе од патеката. Верстапен забави и Хамилтон налета на него, што значи дека Ред Бул го задржа водството уште шест круга додека тој не отстапи.
 

Холанѓанецот денеска заврши како втор, во дуел кој ќе се памети по неколку меѓусебни контакти, па и судири помеѓу двајцата најдобри. Двајцата возачи очајнички ја посакуваа победата, а на крајот пресуди подобриот избор на гуми на Британецот, кој на крајот „преживеа“ директен судир со задниот дел на Ферстапен.

Инцидентите меѓу нив двајцата донесе големи главоболки кај судиите, кои под лупа ставија неколку нивни контакти, за на крајот да го казна возачот на Ред Бул со казна од пет секунди, набрзо по што тој беше престигнат од ривалот од Мекларен.

Тие сега имаат по 369,5 бодови, што значи дека новиот шампион ќе биде решен по седум дена во Обединетите Арапски Емирати.

Промовирани огласи »

За 3,5 денари се намалуваат цените на бензините и на дизелот, а за три денари поевтинува екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.

Новите цени на нафтените деривати ќе важат до следниот понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика повторно ќе одлучува за цените. 

Промовирани огласи »

Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Како што веќе беше најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од први февруари следната година.

Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против коронавирусот од 15 февруари. Оние кои нема да одговорат на рокот, односно нема да се вакцинираат, од 15 март ќе бидат парично казнети.

Предлог-законот предвидува казна за одбивање вакцинација во износ од 600 евра на секои три месеци. Највисоката парична казна е одредена на 3.600 евра.

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани од 14-годишна возраст, а ослободени од обврската се трудница и прележани до 180 дена од позитивен ПЦР тест.

Доколку има други здравствени причини, како што е наведено во нацртот, можно е некое лице да се изостави од задолжителната вакцинација. Сепак, тоа мора да биде потврдено од лекар. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »