Промовирани огласи »

За 3,5 денари се намалуваат цените на бензините и на дизелот, а за три денари поевтинува екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.

Новите цени на нафтените деривати ќе важат до следниот понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика повторно ќе одлучува за цените. 

Промовирани огласи »

Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Како што веќе беше најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од први февруари следната година.

Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против коронавирусот од 15 февруари. Оние кои нема да одговорат на рокот, односно нема да се вакцинираат, од 15 март ќе бидат парично казнети.

Предлог-законот предвидува казна за одбивање вакцинација во износ од 600 евра на секои три месеци. Највисоката парична казна е одредена на 3.600 евра.

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани од 14-годишна возраст, а ослободени од обврската се трудница и прележани до 180 дена од позитивен ПЦР тест.

Доколку има други здравствени причини, како што е наведено во нацртот, можно е некое лице да се изостави од задолжителната вакцинација. Сепак, тоа мора да биде потврдено од лекар. 

Промовирани огласи »

Викендов се дружевме со Симон од Кратово, првиот добитник на Samsung Galaxy A12s од големата наградна игра на kariera.mk

Ако сакате да станете потенцијален добитник на некоја од наградите како: Мобилен телефон, спа ваучери за Play Fit, TCC Plaza/ карти за Cineplexx/ карти за на театар можете да учествувате во наградната игра со објавување на оглас на нашиот сервис. Извлекувањето е секој ден LIVE во 12:00 часот на нашите социјални мрежи.  


Правила за учество во наградната игра:

  • Објави бесплатен оглас во категорија недвижности, возила, електроника или останато и директно стануваш потенцијален добитник на многуте награди од наградната игра.
  • Огласувај недвижности https://kariera.mk/oglasi/nedviznosti
  • Огласувај возила https://kariera.mk/oglasi/vozila
  • Огласувај електроника https://kariera.mk/oglasi/elektronika

Ве очекуваме!
 

Промовирани огласи »

Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи, одлучи Владата.

„На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

  • леб;
  • шеќер;
  • брашно – тип 400;
  • сончогледово масло за јадење;
  • трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • свежо месо и сувомеснати производи;
  • сирење и урда

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »