Промовирани огласи »

Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи, одлучи Владата.

„На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

  • леб;
  • шеќер;
  • брашно – тип 400;
  • сончогледово масло за јадење;
  • трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • свежо месо и сувомеснати производи;
  • сирење и урда

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Промовирани огласи »

Швајцарските власти препорачуваат што поголем број граѓани да работат од дома. 

Маските ќе мора да се носат во затворени простори, а само вакцинираните или оние кои го прележале коронавирусот ќе можат да одат на разни настани.

Властите ја проширија употребата на ковид сертификатите, кои се потребни за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, се препорачува да се воведе употреба на ковид сертификат.

Новите мерки ќе стапат на сила од 6 декември и ќе траат до 24 јануари.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија повикува и организира протест, со цел, како што велат, за заштита на економските и социјалните права на своите членови  и на сите работници од работниот однос.

Протестот ќе започне на 12.12.2021 година во 12.12 часот во Скопје.

Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во државата, Сојузот на синдикатите на Македонија повикува и организира протест заради исполнување следните барања: 

Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи, со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор, согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог. 

Потоа, измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 отсто од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18.000 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор, како и потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Протестот  започнува на 12.12.2021 година во 12:12 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, а учесниците ќе се движат од зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија кон Собранието на Република Северна Македонија, каде што ќе бидат упатени барањата на работниците, а потоа ќе продолжи кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот, велат од ССМ.

Најавуваат и дека во наредниот период, а во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачитеи Владата, ССМ ќе повика на Генерален Штрајк, кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.

Се обраќаме до сите работници и граѓани (пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава кои се засегнати од сите овие прашања, како и други прашања во врска со нивната егистенцијална положба, да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период зошто колку сме побројни толку сме посилни и погласни за обезбедување на нашите права, се вели во објавата од ССМ.

Промовирани огласи »

Во Швајцарија 2.000 луѓе одат во карантин поради сојот oмикрон. 

Од нив поголемиот број се деца.  Тие одат во карантин откако во едно меѓународно училиште во Женева се откриени два случаи на сојот омикрон. Тестови треба да направат и родителите, браќата и сестрите на учениците. Претходно беа регистирани неколку случаи на сојот омикрон во пет швајцарски кантони и беше воведена забрана за влез на патници од Јужна Африка и карантин за патниците кои пристигнуваат од 23 држави, меѓу кои и Јапонија, Велика Британија и Канада.

Омикрон уште е мистерија, но се смета дека има три пати поголеми шанси за реинфекција. 

Но, од Јужна Африка каде сојот се појави стигнаа вести дека кај вакцинираните нема компликации. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »